Имотниот лист на Каракамишева тежи неколку стотици илјади евра, месечно заработува над 2.500€

Еве зошто Каракамишева нема потреба да се исели од државава и не може да сфати зошто младите се иселуваат:

 

7858548943-670x312.pngИма стан од 95 квадрати (што вреди над 100 илјади евра), куќа со двор во Дојран со пазарна вредност од 40 илјади евра, вози џип Тојота Рав со пазарна вредност од  11.000 евра, а поседува и нов БМВ Х3 купен во 2009 година со пазарна вредност од 16 илјади евра како и Пежо 207 со пазарна вредност близу 4.000 евра. Зема месечна плата во висина од  52.000 денари, плус непознати хонорари како функционер (Член на надзорен одбор на Македонска пошта и член на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование), плус непознати хонорари како член на неколку комисии. Во својот имотен лист Каракамишева не пријавила колку хонорари зема за емисијата што ја води на радиото кое се поврзува со Мијалков(Радио Слободна Македонија) и за колумните што ги објавува во весникот  „Дневник“, како и хонорарите кои ги добива при учество во дебатни емисии. Каракамишева поседува и два мотора од марките Хонда и Јамаха со вкупна пазарна вредност од 12.000 евра.

Во 2013 година Каракамишева била избрана за научник на годината од Сенатот на УКИМ, предложена од комисија во која самата била член!

„Научникот на годината“ ни соопшти резултати од нејзини истражувања (внимавајте, од „репрезентативен примерок“ од 30-тина студенти) која е најчеста причина за заминување на младите: „…најголемиот дел не заминале во странство заради недостаток на пари, туку заради духовна неисполнетост, нереализираност на приватен план, како и поради чувството на љубовна празнина во домот… поради невозвратена и непреболена љубов…“

Внимавајте!!! Ова е изјава на универзитетска професорка која е во секојдневен контакт со младите и ова е „научник на годината“, член на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование, уставна „експертка“ кој секоја вечер соли памет во медиумите и сее омраза кон опозицијата и критичарите на власта.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s