Лаура Ковеси – романската обвинителка која им објави војна на тие што мислеа дека се недопирливи

Главната обвинителка во Романија е вистинска ѕвезда во Романија – за многумина е воин кој што им се спротистави на најмоќните.

laura-codruta-kovesi-la-dna-iar-tiberiu-nitu-pentru-functia-de-procuror-general-propunerile-lui-victor-ponta-18449446.jpg

Лаура Кодрута Ковеси е главната обвинителка во Романија и во неа се вперени сите очи на романската јавност – тие кои што ја поддржуваат ја сметаат за симбол против корупцијата и прв човек кој ги повика да одговараат пред законот тие што се сметаа за недопирливи. Противниците, велат дека таа ги нарушила слободите на граѓаните на начин кој што не бил виден уште во времето на комунизмот.

„Оваа тивка и скромна дама стана личност од која најмногу се стравува, а за некои, и најомразената личност во Романија”, вели Владимир Тисманеану, професор по политички науки на Универзитетот во Мериленд, кој беше на чело на комисијата формирана во Романија која ги испитуваше злосторствата извршени пред падот на диктаторот Николае Чаушеску во 1989. „Г-ѓа Ковеси, додаде тој, го започна најголемиот „политички земјотрес” кој ја затресе Романија од 1989.

Обвинителката од кариера чиј татко исто така бил обвинител, г-ѓа Ковеси студирала право во северозападниот град Клуж. По дипломирањето во 1995, се вработила на првото во серијата работни места во романскиот правен систем, кој Европската комисија редовно го напаѓаше како изопачен од политичко мешање и корупцијата. Но и покрај многуте усилби од страна на нејзините противници, не излегоа цврсти докази на виделина дека таа направила некакви малверзации.

Автор на многу статии за правни прашања и добитник на одликувања од САД, г-ѓа Ковеси не ги искажува нејзините лични политички ставови, избегнува емоционални хиперболи, кои често доминираат во јавниот дискурс во Романија од острите легалисти.
Од доаѓањето на г-ѓа Ковеси на чело на Д.Н.А. во 2013, се случи полава од апсења и обвиненија за високи профили. Речиси сите завршија со пресуди, а нејзините обвинители имаа стапка на успех од над 90 проценти.
Најголемиот улов на нејзината агенција досега е поранешниот премиер, Адријан Настасе, осуден во јануари 2014 на четири години затвор за земање мито. Тој помина само шест месеци зад решетки, обезбедувајќи препорака за добро однесување. Но, неговата пресуда испрати порака на политичката класа во Романија, особено на Социјалдемократската партија, на која тој и припаѓа.
Судењето на г-дин Настасе беше проследено со серија апсења во врска со т.н. случај Мајкрософт, случај на корупција во врска со продажбата на лиценците за софтверот на Мајкрософт по надуени цени за употреба во романските училишта. Деветмина поранешни министри се под истрага со обвинувања за земање мито, иако г-ѓа Ковеси рече дека Мајкрософт „не бил вклучен на било кој начин” и дека помага на иследниците аферата да се разоткрие до крај.
Минатата година, 16 пратеници – седум сенатори и девет членови на Долниот дом на парламентот – се обвинети, заедно со еден армиски генерал, четири обвинители и 18 судии. Меѓу оние кои веќе се ставени во притвор е и Виорел Хребенциус, моќен брокер, кој некогаш се сметаше за недопирлив.
„Никој не очекуваше тоа да се случи било кога”, вели г-дин Јонита, политички аналитичар. „Неверојатно е да се видат луѓе како овие во затвор”.
Г-ѓа Ковеси нема илузии за иднината. „Важно е дека новиот претседател ја поддржува борбата против корупцијата”, вели таа. Се додека е таа подршка „ние немаме причина да се грижиме”, додаде таа. „Но, ќе има причини да се грижиме доколку претседателот не нѐ поддржува во борба”.
Кордута Ковеси, 43-годишната шефица на Националниот директорат за борба против корупцијата (ДНА), не реагира на таквите „ниски прозивки“ и вели дека таа ќе им одговара на романските граѓани.

Успесите на ДНА после нејзиното доаѓање од неа направија вистинска ѕвезда, но нејзината и работата на останатите обвинители може да биде загрозена поради измените на неколку закони кои што ги планираше романската Влада.

„ДНА“ била основана во 2002-ра година за да се „занимава“ со корупција, проблем кој што на сите ни е јасно дека е доста распространет на Балканот. Сепак, дури со доаѓањето на Ковеси во 2013-та година, агенцијата започна да работи како што треба, а на удар веднаш се најдоа премиерот на државата, министри, градоначалници, медиумски магнати и обвинители.

Во последните три години започнати се над 1,700 процеси за случаи кои што ја оштетиле државата повеќе милијарди евра. Денес двојно повеќе граѓани ѝ веруваат на Ковеси и нејзината „ДНА“, отколку што веруваат на романската Влада.

„Довербата во „ДНА“ е неверојатна. Се повеќе луѓе се охрабруваат и доаѓаат да ни предадат жалби, а подготвени се и да сведочат во случаите за корупција. Така е, граѓаните сфатија дека законот е ист за сите. Тоа е тоа што ние го работиме“, порача Коваси за „БиБиСи“.

Главната обвинителка неодамна остро се спротистави на декретот на Владата да се декриминализираат бројни случаи на корупција, поради што десетина високи функционери беа ослободени од кривично гонење.
Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s