Ако не се изгласа Влада до 13ти март, Македонија ќе се соочи со меѓународни блокади

Европскиот парламент ќе го одложи гласањето на пленарна седница за Резолуцијата за Република Македонија, доколку земјата следната недела не добие Влада, јави дописникот на МИА од Брисел.

Високи официјални лица на Европарламентот, за МИА потврдија дека европратениците не сакаат да ја усвојат Резолуцијата што претходно ја изгласа Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на ЕП на пленарната седница во Стразбур, закажана за 14 и 15 овој месец, доколку дотогаш нема некаква разврска на македонската политичка сцена.

– Иако на пленарната седница во Европскиот парламент во Стразбур на 14 и 15 март требаше да ги изгласаме резолуциите за сите држави од Западниот Балкан, сепак, официјално е веќе одложено гласањето за Резолуцијата за Србија, поради нашата желба да не влијаеме на претседателските избори во оваа земја што ќе се одржат на 2 април. Ист е случајот и со Македонија. Ако до 13-ти овој месец нема разврска, односно избрана нова Влада, тогаш и Резолуцијата за Македонија ќе биде одложена и заедно со српската ќе бидат гласани на пленарната седница на ЕП следниот месец – информира висок претставник на Европарламентот, инсистирајќи на анонимност.

Со 54 гласа „за“ и осум против, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент минатата недела ја усвои предлог-Резолуцијата за напредокот на Република Македонија во европските интеграции во 2016 година, каде по осми пат препорача отворање на пристапните преговори за влез во Европската унија. Но, за Резолуцијата да биде полноважечка, потребно е и целиот состав од 751 европратнеик да гласа за неа, што се прави на пленарна седница што се одржува еднаш во месецот.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s