Груевски за „БТВ“: Ако јас не бидам Премиер тоа ќе биде крај за Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, обвинетиот криминалец Никола Груевски не размислува да оди во опозиција. Во своите јавни настапи тој продолжува да се заканува дека доколку СДСМ формира нова Влада „гневот на народот не ќе можел да се контролира”. Во последното интервју за бугарската државна телевизија „bTV“ вели дека создавањето на нова влада, поддржана од албанските партии ќе доведе до крај на македонската држава во сегашната форма и крие опасност за нов етнички конфликт на Балканот.

– Носењето на платформата на албанските партии е обид не само за редефинирање на државата, туку за репреговарање за Охридскиот договор од 2001 година. Тоа е опасна работа, тоа е отворање на Пандорината кутија. Во Македонија живеат повеќе етнички заедници кои можат да си побараат нешто ново, вклучително и Македонците, но тоа репреговарање е опасна работа. Тоа може да не врати во 2001 година – вели Груевски.

Авторот на интервјуто коментира дека Пандорината кутија беше отворена уште пред две години кога опозицијата почна да објавува снимки од нелегално прислушување на десетици илјади македонски граѓани, откривајќи огромна злоупотреба на власт и корупција од стотини илјади евра во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето дали си го препознава својот глас во снимките, Груевски не даде конкретен одговор.

-Нашиот став став за ова прашање беше јасен – дека станува збор за креирани, монтирани материјали, употребени со цел да се уништи кредибилитетот на институциите и политичарите. Значи не се работи тука само за гласот, туку се работи за прашања што се поврзани со креирани, едитирани и монтирани материјали- вели Груевски.

Advertisements

One Comment Add yours

  1. Trajko says:

    VMRO DRPAME!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

    Like

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s