Досие СЕАД КОЧАН-милионер преку ноќ и омилен бизнисмен на власта

Во досегашните објавени политички бомби на СДСМ, се споменуваат повеќе сопственици на компании, бизнисмени кои се во блиски релации со претставници од власта или сопственици на компании кои добивале голем број тендери од државата. 

Во досегашните објавени разговори од политичките бомби објавени од страна на СДСМ, може да се слушнат и разговори во кои се вклучени повеќе бизнисмени од државава, дел од нив непознати за пошироката јавност. Станува збор за повеќе сопственици на компании кои, ако се суди според прислушуваните разговори, се во блиски релации со претставници од власта или сопственици на компании кои добивале голем број тендери.

Силјан Мицевски и Сеад Кочан

На една од објавените политички бомби во Битола(линк-https://www.youtube.com/watch?v=VF51VMZJ918), може да се слушне разговор кој се води меѓу бизнисменот Силјан Мицевски, сопственикот на градежното претпријатие „Пелистер“и Влатко Чингоски, поранешниот директор на ЕЛЕМ.

-„Слушај вчера бев ваму и ми дадоа некое ливче со имиња, кај тебе шо работат и кои не се сигурни за гласање. Па да…“, вели Чингоски

-„Абе кој нема сите ќе ги избркаме кажи кои се тие и готово“, одговара сопственикот на „Пелистер“.

-„Не не треба да ги избркаш, не треба. Треба да ги убедиш да гласаат, ако не гласаат тогаш ќе ги избркаме“, вели Чингоски.

Влатко Чингоски, поранешниот прв човек на ЕЛЕМ дојде на чело на компанијата кон крајот на септември 2006 година, веднаш по изборите кога ВМРО-ДПМНЕ ја доби власта. Во 2012 година, тој се повлече од лични причини.

Токму ЕЛЕМ и градежната компанија на Силјан Мицевски ги имаат склучено едни од најголемите тендери за јавни набавки во последниве 5 години вредни околу 100 милиони евра.

Првиот, двегодишен договор на АД ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Брод – Гнеотино е со фирмата „Пелистер“ од Битола во 2012 година. Со овој договор се ангажираат работници и градежна механизација за ископ и транспорт на јагленот за 53 милиони евра.

Другиот договор е за истата намена, но за периодот од 2014 – 2016 година. Со овој договор ЕЛЕМ ангажира од 450 до 550 работници и опрема за ископ на 3.900.000 тони јаглен. Овој договор тежи над 47 милиони евра.

1-3.jpg

На четврто место за најголеми склучени тендери е уште еден договор на ЕЛЕМ. Станува збор за ископ на јаглен и јаловина од свлечиштето на микролокација во рудник Суводол во РЕК Битола. Овој договор е склучен со скопската фирма Трансмет, на 36 месеци и планирано е да се спроведува до крајот на 2016 година.

„Трансмет“ е компанија каде што сопственик е јавува Сеад Кочан, лицето кое премиерот Никола Груевски во еден од објавените разговори со Чингоски го именува како „Сеат Ибица“ или „лицето што вози сеат“.

Во тој разговор што го обелодени СДСМ се зборува за конзорциум што би требало да го формира лицето „Сеат Ибица“.

„И овие нека влезат во игра, да се задоволни сите“, наводно вели Груевски во разговорот кој се води за испорака на јаглен.

Фирмата на Кочан минатата се вклучи и во изградбата на втората делница Кичево – Охрид во изградбата на автопатот Кичево – Охрид.

ТЕНДЕРИ

Фирмата на Сеад Кочан  е дел од неколкуте компании што вршат реконструкција на фасади во централното градско подрачје. „Трансмет“ добила тендери и за:

1) Реконструкција на велосипедска патека во вредност од 8,5 милиони евра

pesacko-velosipedska pateka na Ilinden.jpg

Град Скопје на 30-ти септември 2015 година го означи почетокот на градежните работи за реконструкција на пешачката и велосипедската патека по должината на булеварот Илинден. За оваа намена Град Скопје од сопствениот буџет издвојува 8,5 милиони денари. Изведувач на градежните работи е скопската фирма„Трансмет“ во сопственост на Сеад Кочан.

2) Новата фонтана прскалка на плоштадот Македонија во вредност од 2,4 милиони евра

2,4 милиони евра чинеше изградбата на новата фонтана прскалка на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје. Како што соопштија од град Скопје, изведувач на активностите е токму компанијата „Трансмет“ во сопственост на Сеад Кочан.

Површинската фонтана ќе има димензии 15 на 15 метри и ќе се состои од 128 прскалки, или ако употребиме весела математика, секоја прскалка ќе прска за 18.750 евра. Поради тоа просторот помеѓу Камениот мост и „Воинот на коњ“ ќе беше прекопан, а гранитните плочки  за кои претходно градот Скопје одвои неколку милиони денари од сопствениот буџет беа изваден и  заменети со нови погодни за фонтаната.

Проектот за изградба на фонтана и реконструкција на плоштадот се реализира со 2/3 финансиски средства од Владата на Република Македонија и 1/3 од буџетот на градот.

Само неколку месеци по поставувањето на новите плочки погодни за фонтаната, тие почнаа да се распаѓаат. Па така возилото на Јавното Претпријатие „Комуналец“ од Скопје пропадна во новите „милионски“ плочки.

15203339_10211023217274528_5692693246453976798_n.jpg

3) Изведба на фасада во стилот на „Скопје 2014“ во вредност од 170.000 евра

tmpnull.jpg

Владината служба за општи и заеднички работи склучила договор со фирмата „Трансмет“ за изведба на фасада во стилот на проектот „Скопје 2014“, на жолтата куќа лоцирана на булеварот Климент Охридски број 9 непосредно до зградата на Владата на РМ. Овој договор е со вредност од 10.671.139 денари односно 170.000 евра

4) Општинска зграда во Ѓорче Петров

kol.jpg

Првичниот проект предвидувал деловен простор од 15.000 квадратни метри од коишто, во најголем дел, 11.400 квадратни метри деловен простор за „Трансмет“. Беше предвиден простор од само 3.600 квадратни метри за општина Ѓорче Петров, односно за потребите на граѓаните.
Но, власта на ВМРО-ДПМНЕ во општина Ѓорче Петров предводена од градоначалникот Сокол Митревски, прави измена на ДУП и му овозможува на Трансмет нови 15.000 квадратни метри деловен простор, додека предвидените 3.600 метри квадратни за општината остануваат непроменети.

Граѓаните се излажани, законите се изиграни. Наместо да добијат 25 проценти од комплексот, согласно договорот, Општината и државата сега имаат двојно помалку простор, додека просторот за Кочан двојно расте. Целиот проект достигна вредност од близу 15 милиони евра, иако беа предвидени 12 милиони евра.

5) Изградбата на втората делница од трасата Кичево-Охрид

Ki-Go dew 01.jpg

Кинеската фирма „Синохидро“ која беше спомената во бомбите каде Груевски бара провизија од 17 милиони евра(линк-https://www.youtube.com/watch?v=VF51VMZJ918) склучува неколку договори за ангажирање на македонски градежни компании во изведбата на двата нови автопати. После „Гранит“ и „Бетон“, во изградбата на автопатите како подизведувач се вклучува и фирмата „Трансмет“ од Скопје. Таа ќе биде ангажирана на втората делница од трасата, која вклучува изведба на 10 мостови и вијадукти. Склучениот договор со „Синохидро“ е во висина од 78,6 милиони евра.

6) Проширувањето на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов – 92.6 милиони денари

Градот Скопје во проектот за проширување на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов вложува 92,6 милиони денари, од кои 11,6 милиони денари се наменети за уличното осветлување. На проширување и реконструкција на третиот дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов работеше скопската фирма „Трансмет“, а осветлувањето го изведе „Магнус Инжинеринг“.

За чистење на канали на фирмата „Трансмет“ и се исплаќаат  близу 700 000 евра за 2014год. Еве доказ:

transmet-1.jpg

Близу половина милион евра завршиле и кај „Силекс Неметали“, фирма во сопственост на Силекс АД Кратово, која пак е во сопственост на коалициониот партнер на Груевски, Љубислав Иванов – Ѕинго, чиј син е пак сопственик и на Сител телевизија.

Во време на склучување на договорот со Силекс Неметали и исплата на парите, министерот за земјоделство Михаил Цветков, е член на Управниот одбор на Силекс АД Кратово. Тоа е класичен судир на интереси, за кој веќе поднесовме кривична пријава и очекуваме разврска.

Еве го и договорот кој Министерот го склучил со фирмата која е во сопственост на друга фирма каде тој бил член на Управниот одбор.

DSC_0024

DSC_0025

DSC_0028.JPG

Вистината за Македонија покажа како лично Никола Груевски, преку поранешниот директор на ЕЛЕМ, бара начин да се формира конзорциум како „Трансмет“ би добила можност да се јави на тендер.

Слушнавме како Груевски се трудеше да зборува во шифри за сопствениците на „Трансмет“, кога велеше „оној што има Сеат Ибица“, мислејќи на некој од фамилијата Кочан.

Како што го слушнавме во разговорите Груевски дава налог „И овие нека влезат во игра, да се задоволни сите“.  Очигледно тоа бил начинот да се скројат и сите тендери и директни плаќања од Агенцијата во износ од 41.197.836 денари за само една година.

Груевски не ги штедел парите на граѓаните особено кога се работело за задоволување на неговите луѓе, газди на медиуми.

Пред неколку дена, Специјалното Јавно Обвинителство покрена истрага со име „Труст“ во кој конзорциум составен од три фирми, со фалсификувана документација добивал тендери и со тоа се здобил со противправна корист во износ од над една милијарда денари или околу 17 милиони евра.

силјан.PNG

Набавката по тендерот се случила во текот на 2011 година. На него победил конзорциум од три фирми, првоосомничен е управителот на фирмата Трансмет ДЕО од Скопје, второосомничен е застапникот на Силекс Неметали од Кратово, а како третоосомничен се јавува управител на Вато ДЕО од Студеничани.

Сите три се осомничени дека, како што рече Фетаи, „свесно ја нарушиле постапката за јавна набавка и му овозможиле на конзорциумот добивка од повеќе милиони евра“.

Клучна за случајот е дробилицата за ископ на јаловината од РЕК Битола која била предмет на набавката. Според СЈО, учесниците на тендерот приложиле невистинита документација за нејзиниот капацитет, но и покрај тоа Комисијата за јавна набавка и стручната комисија.оцениле дека конзорциумот ги исполнува условите.

Компанијата „Трансмет“ во 2012 година со државната ЕЛЕМ потпишала договор за ископ на јаглен и јаловина од свлечиштето на Микролокација 3 во Рудник „Суводол“, со дотур на дробен јаглен на транспортерот, во  износ од 19,2 милиони евра и со траење од 36 месеци. ЕЛЕМ на овој тендер добил 6 понуди, а договорот го склучил со „Трансмет“. Оваа компанија за ископ на јаглен и јаловина од свлечиштето на Микролокација 3 во рудникот „Суводол“ потпишала договор и во 2013 година со вредност од 38,4 милиони евра.

4 милиони евра тендер за Сеад Кочан

Покрај тоа што половина милион евра за чистење на канали завршиле кај „Силекс Неметали“,а 700.000 евра завршиле кај „Трансмет“, набрзо нови 4 милиони евра завршиле кај фирмата „Трансмет“, чиј сопственик е Сеад Кочан.

Ова е договорот од 16.07.2014 година со кој што фирмата „Трансмет“ добива тендер од над 184 милиони денари за изградба на пристапен пат забрана „Речани“ на Оризарска река, Кочани.

Scan1_0502.JPG

Scan2_0502.JPG

Ова е уште еден договор на дополнителни близу 57 милиони денари, склучен на 27.08.2015 година за Санација на брана Пишица- Пробиштип, за потребите на Управата за водостопанство.

Scan3_0502.JPG

Scan4_0502.JPG

Тоа се вкупно 4 милиони евра, пари на граѓаните, преку Министерството за земјоделство за сопственикот на „Телевизија Нова“ за кого од политичките бомби слушнавме како Груевски зборувајќи во шифри, го нарекува „оној што има Сеат Ибица“. Слушнавме како Груевски дава налог „И овие нека влезат во игра, да се задоволни сите “.Очигледно тоа бил начинот да се кројат и сите тендери од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

ТВ НОВА

За само три дена, според мониторнг по идентична методологија утврдена од ОБСЕ/ОДИХР ТВ Нова емитувала 1.545 секунди позитивни прилози за ВМРО – ДПМНЕ. Позитивни прилози за СДСМ нема. Но затоа ТВ Нова емитувала дури 1.014 секунди негативни прилози за СДСМ.

За ВМРО – ДПМНЕ нема ниту една секунда негативен, ниту неутрален прилог.Минутажа

 

Токму фирмата „Трансмет“ во сопственост на Сеад Кочан се наоѓа меѓу првите 10 фирми кои највеќе инкасирале државни(буџетски) пари од различни тендери.

100

НАПОМЕНА: ЗАБРАНЕТО ПРЕВЗИМАЊЕ НА ТЕКСТ БЕЗ НАВЕДУВАЊЕ ИЗВОР НА ИНФОРМАЦИИ.

 

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s