Поднесени две кривични пријави против директорот на прилепската Гимназија, Киро Николоски

Директорот на прилепската Гимназија „Мирче Ацев“, Киро Николоски, денес „заработи“ две кривични пријави. Со првата пријава која ја поднесе Општинската организација на СДСМ-Прилеп, Николоски се сомничи дека ги сторил кривичните дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“, „Присилба“ и „Малтретирање во вршење на службата“.

Според подносителот на пријавата, во деновите 13, 14, 15 и 16 март 2017 година, злоупотребувајќи ја службената положба и овластување и без претходно донесена одлука на Управниот одбор на училиштето, Николоски ги организирал, поттикнувал и им овозможил на учениците да го напуштат воспитно-образовниот процес. Истовремено, директорот ги поттикнувал и им овозможил на ученици од други училишта со знамиња и пароли да влезат во СОУ „Мирче Ацев“, со цел истите да учествуваат во протестите кои се однесуваат на политички прашања а кои се организирани од иницијативата „За заедничка Македонија“. Истовремено, Николоски на дел од професорите од позиција на моќ, со закани и опомени им ги одземал дневниците за работа, со цел да не биде евидентирано отсуството на учениците од наставата.

Поднесената кривична пријава, по истите основи, се однесува и на директорот на СОУ „Ристе Ристески-Ричко“, Жарко Темелкоски, како и на НН лица вработени кај прво и второпријавениот.

Втората кривична пријава против Николоски, за злоупотреба на службената положба и овластување, ја поднесе лицето С.Р. чие дете е ученик во прилепската Гимназија.

Адвокатот Жарко Стеваноски, овластен полномошник на родителот кој ја поднесе пријавата, вели дека со своето однесување како службено лице на Гимназијата, директорот Николоски не дозволил одвивање на воспитно-образовниот процес и извршил злоупотреба на учениците во партиски цели, што е спротивно на Законот за средно образование и училишниот Статут.

Ова е класичен пример за злоупотреба на деца во политички цели и секој оној кој учествувал во процесот на негово игнорирање, негово поттикнување и оправдување, е должен да сноси одговорност“, нагласува адвокатот Стеваноски.

На барање на родителите на дел од учениците во СОУ „Мирче Ацев“ се одржа средба со Николоски, на која родителите од директорот побараа итно свикување состанок на Советот на родители на кој би се изнеле сите забелешки на родителите поврзани со настаните од изминатите неколку денови.

Денес политичката партија СДСМ побара свикување на вонредна седница на Советот на Општина Прилеп на која би присуствувал и градоначалникот Марјан Ристески. Со оглед на тоа што барањето е потпишано од една третина од советниците, согласно Законот за локална самоуправа, претседателот на Совет е должен да ја закаже седницата.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s