ВМРО ДПМНЕ во 2011г. со закон го прекина пописот, а сега бара негово спроведување?!

Пред окулу 6 години, или поточно на 15 октомври 2011 година владејачкото мнозинство предводено од ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, на раб на кворум во Собранието успееја да го протуркаат Законот за прекин на пописот, десет дена откако стартуваше оваа скапа статистичка операција. Тогаш опозициската СДСМ од собраниските клупи порача дека еден ден некој треба да одговара за овој скандал бидејќи се потрошени 14 милиони евра народни пари, а резултат нема. Социјалдемократите, двете коалициски партии ги нарекоа злосторничко здружение кои на овој начин не сакаат да излезат на виделина сите нивни криминали на изборите со бројот на гласачи и процент на население, како и изборните измами што ги прават со фантомските гласачи.

gruevski-sobranie-520x312.jpg

Но, и носењето на Закон за стопирање на пописот не одеше мазно.

Медиумите тогаш известуваа дека собранискиот спикер Трајко Вељаноски трипати морал да ги пребројува присутните пратеници во салата за да може да обезбеди кворум, бидејќи опозициските пратеници ја напуштиле седницата пред чинот на гласањето за прекин на пописот.

Собранието, по тридневна расправа со меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата за одговорноста за овој и за претходните пописи во државата, сепак, доцна во саботата на 15 декември 2011, ја донесе одлуката за прекин на најголемата статистичка операција. Со одлуката, која ја донесоа 62 народни избраници од владејачката коалиција (меѓу кои и пратеници на немнозинските етнички заедници), всушност се стави надвор од сила Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во 2011 година.
На усвојувањето на Законот му претходеше тридневна жестока дебата, во која власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваа. Според пратениците од владејачкото мнозинство прекинувањето е во интерес на државата и на меѓуетничките односи, а опозицијата бараше одговорност за прекинувањето на пописот.

Тогаш, медиумите блиски до ВМРО ДПМНЕ, како весникот Дневник на пример, известуваше дека Никола Груевски спречил голем фалсификат на пописот и ги заштитил националните интереси.

Еве како известуваше провладиниот весник Вечер:

,,Пописот и официјално е прекинат. Парламентарното мнозинство по скратена постапка доцна во саботата го изгласа Законот за престанување на важење на Законот за попис. Законот беше изгласан со тесно мнозинство од 62 пратеника, по две паузи за обезбедување на потребниот кворум, бидејќи опозицијата пред гласањето ја напушти собраниската сала. Со усвојување на Законот, кој беше предложен од Владата, пописот и официјално се смета за прекинат. Законот го поддржаа и мнозинството пратеници од заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.На усвојувањето на Законот му претходеше тридневна жестока дебата, во која власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваа. Пратениците од владејачкото мнозинство тврдеа дека прекинувањето е во интерес на државата и на меѓуетничките односи, додека опозицијата бараше одговорност за прекинувањето на пописот, како и за потрошените, според нив, околу 14 милиони евра. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека додека пратениците од редовите на СДСМ во собраниската сала ја критикуваа одлуката за прекинување на пописот, истите надвор од неа низ ходниците и ресторанот им признавале дека тоа е добар чекор и исправна одлука.

Министерот за правда Блерим Беџети рече дека причините за донесување на овој закон се недоследности и недоречености во примената од одредби од Законот за попис како резултат на недоволниот временски период за подготовка и обучување на учесниците во спроведување на пописот во земјата, а посебно на реонските инструктори и попишувачи. Државниот завод за статистика ќе го уништи пописниот материјал собран за време на спроведувањето на пописот, во согласност со прописите за класифицирани информации. Направените трошоци за пописот ќе ги исплати Државниот завод за статистика.

Пописот на населението, домаќинствата и становите почна на 1 октомври, а беше прекинат на 11 октомври по колективната оставка на членовите на Државната пописна комисија поради недоследна примена на Законот за попис, што нема да ја покаже реалната слика за населението и домаќинствата во земјава. Оваа статистичка операција во Македонија требаше да се одржи од 1 до 15 април годинава, но беше одложена поради изборите.“-Вечер,15.10.2011година

Утрински Весник,03.10.2011 година

03.10.2011, 18:03
СО ПОПИСОТ СЕ СПАСИ И КОАЛИЦИЈАТА

,,Обвинувањата на довчерашната претседателка на Државната пописна комисија, Весна Јаневска, дека се подготвува пописен фалсификат, сериозно го разниша целиот процес и однапред ја ставаат под сомнеж најголемата статистичка операција. Пописот почна во сабота на 1 октомври, откако претходно двајцата први луѓе на пописната комисија, Јаневска и Абдулменаф Беџети, поднесоа оставки. Но, со нивното заминување остана нејасно како сега ќе се толкува Законот за попис односно одредбите кои цело време ја тресеа комисијата.

Според новиот потпретседател Бујар Османи, кој дојде на местото на Беџети, со пописот нема да бидат опфатени лицата што живеат надвор од државава повеќе од една година, што беше голем камен на сопнување за неговиот претходник.

„Пописот ќе се спроведува во согласност со Законот за попис, а тоа значи дека граѓаните што живеат и работат во странство повеќе од 12 месеци нема да бидат опфатени со пописот“, ни изјави Османи. Според него, оценките дека пописот е политизиран се неточни и само во јавноста се создала таква перцепција. Османи посочува дека резултатите од пребројувањето имаат големо влијание во сите политички процеси во земјава, со што, сепак, признава дека политиката не го заобиколи ниту пописот.

И кавгите во Комисијата, всушност, се смирија откако на маса седнаа претставници на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, и беше постигнат политички договор за тоа како ќе се одвива натаму процесот. Неофицијалните информации говореа дека оставката на Јаневска е изнудена од ДУИ, откако Беџети замина од потпретседателското место. Во тој контекст е и изјавата на премиерот Никола Груевски, кој рече дека тој ги разбирал луѓето што си поднеле оставки и дека и самите завршиле голема работа за пописот, но дека се потребни максимални напори за процесот да биде реален и правичен.

Ќе имаме ли навистина реален и правичен попис или, како што рече на заминување Јаневска, пописот ќе биде фалсификуван? Што е тоа што Јаневска го има како сознание за јавно и со сигурност да тврди дека се подготвува лажирање на пописните резултати? Вчера таа одби да зборува на темата попис,

„Јас со пописот завршив и навистина се’ што имав кажав досега. Не сакам повеќе ништо ниту да слушнам ниту да зборувам за пописот“, ни ги одби прашањата Јаневска.

Политичките партии, особено од опозицијата, и вчера реагираа на случувањата со најголемата статистичка операција. Од ЛДП предупредија дека како што власта го политизира пописот може да предизвика и дестабилизација во земјава.

„Ако имаме ситуација на однапред договорени проценти меѓу коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, сметам дека тоа ќе предизвика огромно незадоволство кај граѓаните и со тоа ќе се јави и граѓанска непослушност. ЛДП бара Никола Груевски и неговата Влада да ги тргнат рацете од пописот, да се откажат од режирање на резултатите и да заборават на договорените проценти меѓу коалициските партнери, доколку ги има. Во спротивно, наместо стабилни меѓуетнички односи, лошата политика на оваа Влада може да доведе до дестабилизација на земјата“, вели Роза Топузова Каревска од ЛДП.

И во НСДП велат дека создадената клима предизвикува големи сомневања во резултатите што ќе бидат објавени со пописот.

„Тоа што се случи е првичен сигнал и дека нешто не е во ред во коалицијата и дека сите недоразбирања се само последица од договорот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за хашките случаи и за законите за јазиците и знамето. Владините партнери повеќе се специјализирани за изборни манипулации, отколку за спроведување на законската процедура. Во секој случај, ако првиот човек на Комисијата укажува дека се подготвува фалсификат тоа однапред прави да се сомневаме во тоа што ќе биде објавено како резултат, инаку, зошто таа би поднела оставка“, прашува Горан Мисовски од НСДП.

Руфи Османи не ги дава службениците за попишувачи

Градоначалникот на Гостивар, Руфи Османи најави дека за да се обезбеди нормално функционирање на локалната самоуправа сите попишувачи ќе треба да изберат или да ја вршат оваа задача, или да ги извршуваат задачите на своите работни места во општината.

Пред две недели, гостиварскиот градоначалник им забранил на вработените да ги извршуваат двете обврски и најавил казни. На оние кои ќе бидат ангажирани во пописот, им понудил да земат годишен одмор. За состојбата ја информирал и пописната комисија и Заводот за статистика. „Најголемиот дел тие луѓе се ангажирани во процесот на легализација и не можам да дозволам блокирање на општината. Освен тоа, се работи за принципиелен став и во ниеден случај не треба да се интерпретира дека е против пописот“, вели Османи. (МИА)

Груевски и во 2015 година ветуваше попис на населението, по што се откажа од таа цел за повторно да ја спаси коалицијата со ДУИ која беше расклатена по објавувањето на политичките бомби од тогашната опозициска СДСМ.

вецер.PNG

Денес ВМРО ДПМНЕ повторно повикува на попис иако претходниот го спречи со закон. Со кое лицемерие сега бараат попис криминалците од ДПМНЕ?

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s