СЈО досега откри нелегално испумпани 36.000.000€ од буџетот

Според информациите за отворените истраги кои ги објави СЈО, функционери со злоупотреба на службена должност, прекршување на законот за јавни набавки, како и со затајување на данок, го оштетиле буџетот за 36 милиони евра.

Македонскиот буџет е оштетен за речиси 36 милиони евра во период од 2008 до 2015 година, покажуваат досегашните истраги на Специјалното јавно обвинителство. Според информациите за отворените истраги кои ги објавија обвинителите од тимот на Катица Јанева, функционери со злоупотреба на службена должност и прекршување на законот за јавни набавки, како и со затајување на данок, во периодот кој е опфатен со аферата прислушување, го оштетиле буџетот за 36 милиони евра.

На последната прес-конференција, кога беа презентирани четири нови истраги, специјалната обвинителка Јанева изјави дека во дел од нивните предистражни постапки биле обезбедени материјални и вербални докази дека Управата за јавни приходи и Министерството за финансии, со кршење на законите, дозволиле одредени луѓе да се стекнат со имотна корист на сметка на државниот буџет.

Отварањето на денешните финансиски истраги, заедно со предистражните и другите истражни постапки кои веќе се водат во ова обвинителство во иднина ќе утврдат на кој начин се перени пари од буџетот на Република Македонија и како потоа овие пари завршувале во приватните џебови на одредени високи функционери во власта и правни лица зад кои исто така се кријат високи функционери на власта“, изјави Јанева.

Од директор на основно училиште кој бесправно склучил договор за изградба на школо за 200 илјади евра, до набавка на триста возила за МВР кои беа платени за половина милион евра поскапо, па преку незаконска постапка купен службен мерцедес во вредност од 600 илјади евра, до јавна набавка со фалсификувани документи чија вредност достигнува до 17 милиони евра. Ова се само дел од набавките за чии истраги податоците се јавно достапни.

Во Специјалното јавно обвинителство, според последниот извештај, се отворени вкупно 68 предмети. Јавните набавки и сомнителниот начин на кој локалната и централната власт ги спроведува се само мал дел од мозаикот кој го прикажуваат предметите кои неодамна ги отвори ова обвинителство.

Според информациите од истрагата Труст, конзорциум од три фирми „Транс Мет“ ДОО Скопје, „Силекс Неметали СТ“ ДООЕЛ Кратово и „Вато ДООЕЛ“ од Студеничани со фалсификувана документација учествувале на јавна набавка на ЕЛЕМ со што незаконски добиле тендер од 17 милиони евра.

За СЈО е спорна и јавната набавка на ЕЛЕМ за софтвер. Истрагата е именувана како Тарифа и во неа се открива основано сомнение за злоупотреба на службена должност, при што осомничените овозможиле правното лице без комплетна документација да добие тендер од 4 милиони евра и при тоа да не ја заврши работата.

„Она што во конкретниот случај е од суштинско значење е дека од доказите произлегува оти набавениот систем во значителен дел не е имплементиран, иако досега вкупно се исплатени околу 3,7 милиони евра, а согласно Договорот за јавна набавка, системот требало да се имплементира до 11 февруари 2013 година“, посочи обвинителката Фатиме Фетаи.

Поради поништување на постапка на јавен оглас, Македонија со затезна камата вратила инвестирани еден милион евра кон Сан Сити ДОО Скопје. Станува збор за предметот Топлик, односно за продажба на градежна парцела за изградба на елитната населба Сончев град. За кршење на законот за јавна набавка и злоупотреба на службена должност во овој предмет се осомничени 6 луѓе.

http://www.slobodnaevropa.mk/a/28386510.html27619golema.jpg

Во истрагата Трезор, пак, четворица високи функционери од МВР и УБК се осомничени дека испумпале од буџетот на министерството над 850 илјади евра за нелегални набавки на опрема преку фирмата „Финзи“ чија управител беше Коста Крпач, а парите потоа ги искористиле за лично богатење. Истрагата во „Трезор“ се однесува на нелегална набавка на опрема за која осомничените ја ангажирале оф-шор фирмата „Финзи“ како посредник за да и овозможат профит со кој потоа се инвестира во отварање на друга фирма блиска до осомничените.

Тоа се средства кои вие секојдневно ги одделувате од вашите примања и им ги доделувате на владејачките елити за да креираат посигурно и просперитетно општество за вас и вашите поколенија. Наместо тоа, овие средства, преку злоупотреба на службената положба на носители на функции и преку оштетување на Буџетот, биле искористени за други цели“, изјави обвинителката Фатиме Фетаи.

Таа додаде дека тие пари биле искористени за лично богатење, што е казниво според Кривичниот законик.

Јанева минатата година изјави дека основната цел на СЈО е граѓаните да ја дознаат вистината за тоа кој во период од 2008 до 2015 година извршил кривично дело, според индиции од прислушуваните разговори.

„Kој се збогатил на сметка на граѓаните на РМ и тоа богатство да биде вратено во Буџетот и да биде искористено на адекватен начин. И најважно од сè СЈО на законски начин да утврди кој го вршел прислушувањето во Македонија во временскиот период од 2008 до 2015 година и со која цел“, изјави Јанева на 15 септември минатата година при презентација на 6 месечниот извештај.

Началници од УБК се осомничени во истрагата Тврдина дека му нанеле штета на буџетот од 10 милиони евра со незаконско уништувањето на системите за следење на комуникациите во период по објавувањето на првите бомби на опозицијата.

(http://www.slobodnaevropa.mk)

(https://kriminalitenavmrodpmne.wordpress.com)

НАПОМЕНА: ЗАБРАНЕТО ПРЕВЗИМАЊЕ НА ВЕСТА БЕЗ НАВЕДУВАЊЕ НА ИЗВОР НА ИНФОРМАЦИИ

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s