Братучедот на Боркица Груевска, Александар Атанасов станал директор на Водовод со невалидна диплома

Александар Атанасов, директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, нема добиено потврда од Министерството за образование и наука за валидна диплома за завршено високо образование во странство.

Според документите кои ги објави, Атанасов поднел пријава за признавање на професионалните квалификации за завршен факултет во прв циклус на студии. Во пријавата навел дека завршил на факултетот Empire State College во Њујорк, со главно седиште во Саратога Спрингс, Њујорк со стекнато звање Дипломиран економист.

Сепак, министерството за образование и наука врз основ на неговото барање испратило известување во кое е наведено дека од страна на Информативниот центар за еквиваленција и признавање на странски високообразовни квалификации не е утврдено дека неговата квалицикација е стекната на еден од првите 500 универзитети рангирани на последната објавена листа од Институтот за високо образование при шангајскиот универзитет  Џио Тонг, US News and Report и Times Higher Education Supplement World University Ranking.

На овој начин постои сомнеж дека Атанасов нема завршено високо образование, дека лажно навел информации или пак дека неговата диплома е лажна или невалидна, а со тоа дека е незаконски поставен на функцијата.

Прашањето е кој воопшто дозволил Атанасов да стане директор без соодветен доказ за завршено високо образование што е спотивно на законските одредби?

Според Законот за јавни претпријатија основани од страна на оштините или Градот Скопје како што е во случајот на ЈП Водовод и канализација, изборот на директорите го врши градоначалникот на општината, односно Коце Трајановски.

Изборот се врши врз основа на јавен конкурс. Атанасов беше избран на јавниот конкурс кој беше објавен на 06.12.2014. Меѓу наведените услови се да има Завршено високо образование VII/1 степен или 240 кредити според ЕКТС, како и уверение за завршено високо образование, оргинал или копија заверена на нотар, меѓу останатите потребни документи.

Атанасов функцијата директор на ЈП Водовод и канализација ја врши веќе од февруари 2015-та година.

Во неговата лична биографија е наведено дека е роден 1985 година, има работено во областа на односите со јавноста, а од септември 2010 година до сега ја вршел функцијата Генерален директор за шински возила Велес.

Инаку признавањето на странски високообразовни квалификации се врши со цел вработување (професионално признавање) или продолжување на образованието (академско признавање) во Македонија, и тоа е врз основа на Законот за признавање на квалификациите.

Атанасов е братучед на сопругата на криминалецот Никола Груевски, Боркица Груевска.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s