(Видео)Градоначалникот на Зелениково го избркал од работа зошто сакал да го открие криминалот на Латас со хациендите

tim.PNG

Златко Гиевски, вработен во општина Зелениково кој бил избркан во 2011 година од страна на градоначалникот на општината, Веле Груевски, за А1он вели дека бил отстранет од работното место поради тоа што би пречел во извршување на планот на градоначалникот и уште две лица за купувањето и изградба на хациендите во Зелениково за што СЈО има започнато истрага.

-Јас имав најмалку три причини да бидам информиран и да дознаам за планот. Како советник овластен книговодител самото плаќање ќе поминувало низ извод легално тоа јас ќе сум го видел, втората причина е што јас го раководев советот каде што таа работа треба да се легализира преку документ донесен од советот и трета работа е дека јас тие документи ги имав секогаш под контрола, вели Гиевски.

На 24 февруари 2011 година изгласан е Законот за постапување со бесправно изградени објекти кој овозможува легализирање на сите објекти изградени пред да се донесе законот на територија на цела Македонија, вклучително и општина Зелеников, но, изградбата на овие хациенди започнува 6 месеци подоцна што значи дека не биле опфатени со новиот закон кој овозможува легализирање по цена од 1 евро за метар квадратен, а сепак биле легализирани по таа цена. Градбата започнува на 3 септември точно на денот кога Гиевски бил избркан од работа.

Гиевски тврди дека додека работел во општината често ги гледал уредниците на телевизија Сител, Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска како разговараат со градоначалникот на Зелениково.

-Често ги гледав и се прашував зошто доаѓаат заедно со славната Ивонче милионче. Доаѓаа на секои 2-3 дена, но ништо не снимаа, што ме упатува, особено сега кога ги слушнав оние инкриминирани работи од истрагата на СЈО, дека станува збор за криминален потег со намера да се помогне поради некоја спрега или интерес, вели Гиевски.

Според него, градоначалникот го советувал сопственикот на земјиштето да почне со изградба по 24.02, односно откако бил донесен законот

– Тој почнува да гради пред 03.09., тоа е очигледно. Поентата е да плати по едно евро за легализирање на земјиштето. Целиот концепт што тие го имаат во глава ќе се срушел доколку тој добиел одобрение за градба, тоа би значело дека сопственикот на земјиштето ќе прифати купување на истото за поголема цена, вели Гиевски кој тврди дека има информации од нотари кои потврдуваат дека извршена е легализација на хациендите по 1 евро.

Советникот во општината добил отказ врз основа на две негативни оценки за неговата работа за што смета дека тие оценки не се резултат на неговото работење и се нереални. За негативните оценки вели дека се пожалил во Агенцијата за администрација, но од таму добил повратен одговор дека неговото барање се одбива по што го упатиле на редовна судска постапка.

-Најмала причина се негативните оценки, тоа се огромна шанса на оној што сака да ме отстрани од работа да го реализира тоа побезболно и пристојно, вели Гиевски.

Тој тврди дека градоначалникот кој го отстранил од работа уште пред да дојде на оваа функција велел дека прва работа што ќе ја направи е отстранување на Гиевски од работното место. По добивање на првата негативна оценка, Гиевски работел се во општината па дури и тоа што не е во негова надлежност.

-Откако ја добив првата негативна оценка јас правев таму се, па дури и чистев маси, водев правни работи, водев совет, од тој аспект неможев да поверувам дека тој има зли намери према мене, туку сметав дека има извонредна доверба штом ми доверува да водам совет. Јас го покривав во се, градоначалникот не ни учествуваше во седниците на советот, вели Гиевски.

На местото на Гиевски во општината било вработено друго лице чиј кум,како што вели тој, е сегашниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s