Мијалков влегува во нафтената индустрија со нови компании, Антикорупциска молчи

Ослободен од спрегите на државната функција која ја извршуваше десет години, а која ја обележаа и аферите со неговиот имот во Чешка, во ситуација во која во државата владее хаос, Мијалков го шири бизнисот со нафта. Документите од државните институции до коишто дојде НОВАТВ покажуваат дека семејството Мијалкови по стекнувањето лиценца за трговија со нафата отвориле нова фирма за транспорт.

11.PNG

Првиот чекор во нафтениот бизнис го направи  Јордан Мијалков, постар син на поранешниот разузнавач. Со дејност градежништво, фирмата „Бест Веј Инвестмент“ беше регистрирана во септември 2015 година, во време кога политичките партии договараа предвремени избори во Пржино.

best inv 1.jpg

sopstvenici best vej.jpg

Управител на „Бест Веј Инвестмент“ е 25 – годишниот Илија Тозија. Илија Тозија приватно е пријател на Јордан Мијалков. Дел е од раководството на младите сили на ВМРО-ДПМНЕ, а членува и во Надзорниот одбор на Државната видео лотарија како претставник на капиталот на владата.

SopstveniciLotarija-1024x719.png

По победата на меѓународниот тендер објавен во јуни 2013 година, Аустриан Касинос Интернешнл ДОО беше одбрана како најдобар понудувач од страна на комисијата формирана од Државната Лотарија која е во целосна сопственост на Владата. Одлуката беше објавена на прес конференција во владата во јануари 2014 кога тие информираа дека Државната видео лотарија заедно со фирмата победник, Аустриан Касинос Интернешнл ДОО, формираат јавно приватно партнерство во заедничка компанија наречена Државна видео лотарија.

 

SopstveniciKasinos-1024x719 (1).png

Според документите од Централниот регистер, Аустриан Касинос Интернешнл ДОО е формирана на 23 јули или само десет дена пред формално да се затвори тендерот на којшто се бара потенцијалниот партнер на владата за јавно приватно партнерство.

Иако владата објави дека нивни партнер е реномираната австриска компанија „Аустриан Касинос“, од документите, освен што произлегува дека на тендерот се натпреварувала компанија од Македонија, а не од Австрија, тие не споменаа дека сопствениците на македонската компанија повеќе се Швајцарци отколку Австријци.  Реномираната австриска компанија „Аустиран Касинос“ навистина има влог во „Аустиарн Касинонс Интернешен ДОО“, но тие се малцински сопственик со 35 проценти удели, додека мнозински сопственик во првиот состав на компанијата при нејзиното формирање е компанија од офшор зоната во Швајцарција, Лугано, наречена Елсе Инвест АГ. Елсе Инвест АГ е формирана на 4 јули или само неколку по објавата на тендерот од страна на Државната видео лотарија.

Мијалкови преку „Бест веј инвестмент“ влегуваат во нафтената индустрија

„Бест веј инвестмент“ нема никакви активности се до 5 јануари оваа година кога од Масар Омерагиќ за 5.000 евра ја купува фирмата „Омпетрол оил“, која веќе има лиценца за тргување со нафта и договор за закуп на подземен резервоар со „РТ Транслогистиг“ чиј сопственик е Сабета Омерагиѓ .  Инаку Масар Омерагиќ е роднина на судијката  Софија Лаличиќ чие име можевме да го слушнеме во бомбите. Во разговорот кој го презентираше тогашната опозиција, Мијалков на Лаличиќ и кажува дека е избрана за судијка во Кривичниот суд.

На 18 април оваа година, под назив „Друштво за транспорт, трговија и услуги Поинт оил петрол“ во Централен регистар е отворена фирма за транспорт и трговија со нафта. Сопственик на оваа компанија е „Макпоинт“ отворена во 1993 година, а нејзин сопственик е Сашо Мијалков.

„Поинт оил петрол“ е втората компанија од оваа дејност на семејството Мијалкови.  Регистрирана е со основна главнина од 203.500 евра и долго време беше неактивна. Работите почнаа да се менуваат кога Мијалков си даде оставка од позицијата директор на тајната полиција.

Со „Омпетрол оил“ се обезбедува резервоарот за складирање на нафтата, додека со компанијата „Поинт петрол оил“ се овозможува транспортот.

Директор на „Ом Петрол Оил“ е извесен Васил Донаков којшто од 2011 е вработен на неопрделено време како правник во Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор во сопственост на Владата. „Ом Петрол Оил“ поседува и лиценца од Регулаторната комисија за енергетика. Според законите, за да добиеш лиценца за трговија со нафта мораш да поседуваш соодветна инфраструктура. Мијалков од компанијата „РТ Транслогистик“ има договор за закуп на резервоар за нафта за период од 10 години којшто се наоѓа во Ржаничино, Петровец. Во оваа компанија сопственик е семејството на Омерагиќ, додека самиот Масер е директор.

Фирмите регистрирани на адреса на државна институција

Двете компании на семејството Мијалкови се регистрирани  во Дебар маало, на улица Орце Николов 71/1, на иста адреса со Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати и Агенцијата за стокови резерви.

Од чиновник до нафташ

Како човек кој десет години бил државен службеник отвора нови и презема фирми за трговија нафта? Од каде доаѓаат парите за овој скап бизнис? Според истражувањето на OCCRP  направено пред неколку години, освен „тајните бизниси“ во Македонија, Мијалков во Прага поседува фирми, апартмани и недвижнини во вредност од најмалку два милиона евра, кои биле регистрирани на негово лично име, а тој не ги пријавил во имотниот лист додека бил државен службеник.

Антикорупциската комисија пред неколку години отвори и истрага за Мијалков и за неговиот имот. Мијалков требаше да одговори зошто не го пријавил имотот во Прага, иако тоа го наложуваат законите,  но тој никогаш не го направи тоа, а истрагата беше  затворена без разрешница. Откриваме и дека СЈО моментално води предизстражна постапка за имотот и имтните листови на поранешниот разузнавач.

Моќниот Мијалков дел од најконтроверзните случаи на СЈО

Мијалков е еден од првите тројца осомничени во случајот „Трeзор“ на СЈО во кој се сомничи дека додека бил директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, заедно со Горан Грујовски, началник во УБК и Тони Јакимовски, шеф на кабинетот на директорот на УБК во 2010 година отпатувале во Лондон и договориле набавка на опрема за пресретнување на комуникациите и обука за користење на опремата за потребите на Петтата управа. Но, наместо набавката да оди директно преку Министерството, осомничените функционери ја вклучиле и компанијата „Финзи“ како застапник на МВР.

Според приложеното од Специјалното јавно обвинителство, „Финзи“, откако ја презела набавката во свои раце во договор со УБК и МВР, увозот на опремата го фактурирала по двојно поскапа цена. Набавката е направена во 2010 година, а „Финзи“ е формирана кон крајот на 2009 година. Легитимните дилеми кои ги отвори СЈО во истрагата се како „Финзи“, која во тоа време немала ниту еден вработен, а ниту пари за да ја набави опремата, била одбрана за партнер во МВР, но и зошто воопшто имало потреба од посредник во зделката. Не е јасно ниту каде завршиле парите со коишто е директно оштетен буџетот, а кои легнале на нивната сметка.

Мијалков е еден од лавните организатори на масовното прислушување на преку 20.000 граѓани во Македонија. Според Кривичниот законик, му се заканува казна затвор и до 25 години.

https://kriminalitenavmrodpmne.wordpress.com/2016/11/20/заради-незаконското-прислушување-са/

Тој е и првообвинет во аферата „Тортура“ на СЈО, според кои докази како директор на УБК вршел мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување од чл. 142 став 1 од Кривичниот Законик, а поврзано со апсењето на лидерот на  Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, еден ден по завршувањето на парламентарните избори во 2011 година.

https://kriminalitenavmrodpmne.wordpress.com/2016/11/07/за-аферата-тортура-врз-љубе-на-мија/

Сашо Мијалков е сопственик и на фимрата СГС која ги обезбедува повеќето државни институции во Скопје и низ Македонија, а за кои услуги годишно од државниот буџет инкасира над 1.000.000 евра.

https://kriminalitenavmrodpmne.wordpress.com/2016/09/13/за-1-година-1-милион-евра-од-државните-ин/

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s