Груевски и како Министер за финансии во 2001г. си купил џип од 270.000 германски марки

Никола Груевски, како министер за финансии во владата на Љубчо Георгиевски во екот на војната што произлезе од кризата во 2001 година си купил луксузен блиндиран џип со државни пари за потребите на Министерството за финансии, пишувал весникот „Дневник“ во 2006 година во анализа посветена на тогашниот министер за финансии, Груевски.

дио.PNG

фц.PNG

– Џипот го купив зашто од МВР добивме најави дека може да има напади врз владини функционери. Има уште еден личен момент што влијаеше да го купам блиндираното возило. Мојот вујко Јордан Мијалков порано беше министер за внатрешни работи и тој загина во политиката, под околности што до денеска не се разјаснети. Прво презедов мерки за да се зголеми обезбедувањето во зградата на Министерството. По еден месец, по консултации со надлежните, одлучив да купам блиндирано возило. Очекував дека ќе има големи критики од јавноста и бев спремен на тоа. Но состојбата ме принуди да го купам блиндираното возило. Џипот е во сопственост на Министерството за финансии. Ќе го да го продадам веднаш по завршувањето на кризата. Да се надеваме дека тоа ќе се случи што побрзо – рекол тогаш Груевски, цитира „Дневник“.

За ова известувале и весникот Дневник и Глобус

линк 1 -http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=1729&stID=8135

линк 2 -http://globusmagazin.mk/gruevski-i-kako-minister-za-finansii-si-kupil-luksuzen-dzhip/

Ова не е прв пат Груевски да се луксузира со државни пари. Лидерот на СДСМ пред 2 години објави снимки, според кои се слуша дека Груевски, како премиер, нарачал преку МВР да се купи луксузен џип марка „мерцедес“, вреден 575.000 евра. Тој имал и посебни барања за внатрешноста за мерцедесот што го прави карактеристичен и уникатен за цела југоисточна Европа.

Слушнете дел од тие аудио снимки:

Сегашниот министер во МВР, Оливер Спасовски пред 2 дена на медиумите им го покажа луксузниот мерцедес од 575.000 евра. Тој се наоѓа во делумно лоша состојба, а само за смена на гумите потребни се 20.000 евра.

IMG_8395-1068x712 (1).jpg

НАПОМЕНА: ЗАБРАНЕТО ПРЕВЗИМАЊЕ НА ТЕКСТ БЕЗ НАВЕДУВАЊЕ ИЗВОР НА ИНФОРМАЦИИ.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s