Афера „Талир“ – Груевски бил „мозокот“, а Рангелова оперативецот за незаконското финансирање на ДПМНЕ

talir-kolaz-768x768-670x670.jpg

Кој е дел од мрежата во „Талир“?

Никола Груевски во овој случај на незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и перење на пари е осомничен како организатор на криминалната група составена од луѓе од врвот на партијата, кои во периодот од 2009 до 2015 година искеширале незаконски средства за финансирање на партијата во вредност од 4,9 милиони евра.

Потоа за да се „исперат“ овие пари, според СЈО, биле користени различни начини, а еден од нив биле наводни уплати на жиро-сметките на партијата од различни физички лица под превозот „донации“ и „членарини“.

Главна улога во лажните уплати имала Даниела Рангелова, која во тој период беше советник во општина Центар. Според доказите на СЈО, Рангелова на членовите на партијата им давала бланко уплатници на кои тие ги внесувале имињата и ставале потпис. А, потоа на уплатниците биле пишувани суми на пари кои наводно членството на име донации ги уплатувало на сметката на партијата.

Во изготвувањето на лажните уплатници бил вклучен и Игор Есмеров, тогашен претседател на општинскиот комитет на ВМРО во Центар.

Дел од овие уплати биле пишувани со ист ракопис, а уплатувани во банките во рок од 20-30 секунди. Во еден ден, на пример, на овој начин биле уплатувани од 12 илјади до 30 илјади евра. Од банките до СЈО доставени се вкупно 11 886 уплатници.

Емил Димитриев, Елизабета Чингаровска и Леко Ристовски се осомничени како потписници на финансиските извештаи на ВМРО-ДПМНЕ кои со лажни податоци биле доставувани до државните институции.

Илија Димовски и Иво Котевски како директори на Центарот за комуникации на партијата и Александар Бичиклиски, дел од парите ги користеле за намирување на редовните обврски и плаќање на сметки, маркетинг услуги и услуги за истражување на јавно мислење, хотелски, ресторантски и кетеринг услуги.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s