Анкета на БРИМА ГАЛУП: Заев(17.7%) Груевски (13%), СДСМ(22,4%), ДПМНЕ(19,8%)

Најновиот политички барометар на БРИМА покажува дека по изборот на новата Влада дошло до значајни поместувања на позициите на политичките партии во електоратот на Македонија. За првпат по низа години СДСМ води со 22,4% пред ВМРО-ДПМНЕ кој го поддржуваат 19,8% бирачи. Иако ВМРО-ДПМНЕ во сегментот на етничките Македонци се уште има предност од 0,9% во вкупниот електорат СДСМ има предност од 2,6% затоа што СДСМ го поддржуваат 6,3% од етничките Албанци а исто така СДСМ и кај гласачите од другите етнички заедници има предност од 15,1% во однос на ВМРО–ДПМНЕ. Во Албанскиот политички кампус ДУИ и понатаму ја задржува предноста со 26,6% во однос на Беса која е поддржана од 15,8% и Движењето за реформи во ДПА која ја поддржуваат 15,5% етнички Албанци.

Но, треба да се нагласи дека во вкупниот електорат скоро секој петти граѓанин е неопределен (17,7%).

та3.jpg

Најновиот Политички барометар на БРИМА е спроведен непосредно по изборот на новата Влада на Република Македонија (од 2 до 12 јуни 2017) и затоа може да се каже дека податоците од истражувањето непосредно ги рефлектираат импресиите во јавноста по изборот на новата Влада.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека исто така дошло и до промени во рејтингот на политичарите.

Во политичкиот барометар е истражувана и перцепцијата на граѓаните на позитивната листа каде граѓаните се определувале за еден политичар во кого имаат најголема доверба.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека во вкупниот електорат сега на позитивната листа води Зоран Заев со 17.7%, a Никола Груевски заостанува зад него за 4.7%, за кого се определиле 13.0% граѓани од вкупниот електорат. Зоран Заев е во предност во сите сегменти од електоратот по етничка линија пред Никола Груевски. Али Ахмети во албанскиот сегмент од електоратот има предност пред Зијадин Села и Билал Касами. За Али Ахмети како политичар во кого имаат најмногу доверба се определиле 23.8% етнички Албанци, за Зијадин Села се определиле 15.9%, а за Билал Касами 13.9%. Сепак, во вкупниот електорат во најголем број се граѓаните кои немаат доверба во ниту еден политичар (29.8%).

та1.jpg

Анкетираните граѓани во истражувањето се определувале и во кој политичар имаат најмала доверба. На негативната листа на политичари 27.6% анкетирани граѓaни на ова прашање одговорија дека најмалку доверба имаат во Никола Груевски, а веднаш зад него е Зоран Заев со 18.7% негативни гласови. Во сегментот од електоратот што го сочинуваат етничките Македонци Зоран Заев и Никола Груевски на негативната листа се изедначени со по 26.1%. Но Никола Груевски е негативно оценет од страна на 25.6% етнички Албанци наспроти само 0.3% негативни гласови за Зоран Заев во овој дел од електоратот. А таква е и „сликата“ помеѓу
припадниците на електоратот од другите етнички заедници. Помеѓу нив Никола Груевски е негативно оценет од 41.3%, а Зоран Заев од 18.3%.

та2.jpg

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s