Болницата Козле заглавена во милионски долгови, се трошело за се и сешто

timthumb.jpg

Клиничкиот центар не е единствената здравствена установа која не ги подмирила навремено своите давачки. Инспектори од Фондот за здравствено осигурување уште минатата година ја посетиле Јавната здравствена установа Козле за да утврдат како се трошат буџетските пари. Тие во извештајот навеле дека постои милионски долг кон повеќе добавувачи, дека се трошеле пари за гориво за приватните возила, огромни сметки кон ЕВН за неплатена електрична енергија.

bolnica-kozle-dok.jpg

Доделениот годишен буџет на ЈЗУ Козле за минатата година бил 108 милиони денари, но заклучно со 30.09.2016 година долгот достигнал 41 милион денари. Според извештајот на ФЗО, со буџетски пари на болницата биле земани под закуп канцелариски простории без да се наведе целта, а бил издаван и деловен простор во посед на болницата без финансиски надомест. Во текот на 2015 и 2016 година здравствената установа вршела набавки над дозволениот месечен лимит од 500 евра. Во просек, само за репрезентации раководството месечно трошело по 1000 евра. Според извештајот, набавката на канцелариски материјали исто така била вршена недомакински. Од страна на членовите на комисијата за јавни набавки и одговорните лица потпишани се изјави за судир на интереси во поглед на набавките на опремата.

bolnica-kozle-dok34.jpg

Голем дел од финансиските средства биле издвојувани и за набавка на компјутери за потребите на болницата, а некои биле плаќани екстремно скапо. Еден лап топ болницата го плаќала и по 80 илјади денари, а вкупната цена на набавката спроведена во 2016 година изнесува 354 илјади денари. Здравствената установа ги нема подмирено своите обврски кон 20 останати веледрогерии, институти и универзитетски клиники за извршување на одредени услуги. Долгот на ЈЗУ Козле кон овие здравствени установи изнесува 1.6 милиони денари. Покрај сите направени престапи во финансискиот дел, директорите на ЈЗУ Козле и вработувале незаконски. Тие ангажирале лица со договор на дело иако за тоа постоела законска забрана.

bolnica-kozle.jpg

Службениот возен парк исто така бил злоупотребуван од страна на раководството на болницата. Покрај службените возила кои биле користени за лични потреби, директорите во своите приватни возила точеле гориво со службени пари без да наведат конкретна причина и објаснување за тоа.

(сликите се превземени од веб порталот http://www.a1on.mk)

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s