Потрошиле над 1.500.000 евра народни пари само за скапи ручеци, највеќе трошеле УБК и БЈБ

Врхушката на ВМРО ДПМНЕ се гостела подебело на сметка на македонскиот напатен народ. Па така Гордана Јанкуловска , Тодоровски, Чавков, Мијалков, Размовски, Котески , Пуки и останата аздисана банда која раководела со МВР , имале пребирливо мени  и секако подебели сметки во нивните омилени ресторани.

Факсимил 1.

Во  кафетеријата „Интермецо во Скопје се гоштевале со Курвоазие, Реми Мартин,  Бовин барик, Шардоне Лимитед, Периер ,апетисани и води „Евиен“ и една седенка ја чинела државата фантастични 29.750.00 денари.

19989415_1833876583596056_8288794635691597256_n.jpg

На само еден ден пред настаните во кумановската населба „Диво Насеље“, врвот на УБК во скопски ресторан направиле сметка од фантастични 20.280.00 денари. Само за 1 вечер.

19961272_1833876826929365_6661783334003923923_n.jpg

За време на настаните во Диво Насеље кои се случија на 9-ти мај 2015г. ресторан по нарачка на Бирото за Јавна Безбедност(БЈБ) подготвил 5 порции од морски плодови, 3 пастрмајлии, салата и парче лосос за што потрошиле 6.740.00. денари Нарачката е регистрирана по 13 часот во саботата на 9-ти мај, додека во Диво Насеље интезивно се пукаше.

bjb_kumanovo.jpg

Расипничкото трошење на народните пари за скапи ручеци за врвот на УБК се случувало скоро секој ден. За стек од бизон, дивеч во ловечки сос, елен во сос од врган и сл. само за 1 вечер Сашо Мијалков и неговите соработници искеширале фантастични 38.350.00 денари.

19961439_1833876700262711_8482239524788103296_n.jpg

 

Трошоците од службените картички допрва ќе се анализираат

Тони Јакимовски – шефот на кабинетот на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков со свои гости од 2008 година до неговото разрешување за репрезентација потрошил 38. 827 евра, Гордана Јанкулоска 21.466 евра. Исто толку потрошил и Митко Чавков од 2013 до 2017 година. Како што нагласија на брифингот во Министерството, овие трошоци се само од службените картички. Како што нагласија од МВР трошоците од службените картички допрва ќе треба да се разгледуваат и анализираат.

Вакви картички поседуваат министрите и нивните заменици, директорите на БЈБ и УБК и државните секретари.

Најмногу пари трошеле од  УБК

Милион ипол евра потрошиле Бирото за јавна безбедност, Секторите за внатрешни работи, Регионалните центри за гранични работи, Центарот за обука, Управата за безбедност и контраразузнавање и администрацијата од 2011 до 2016 година за репрезентативни трошоци. Овие пари се само од фактурите кои биле доставени до Министерството за внатрешни работи и тука не се вклучени трошоците направени од службените картички.
Од сите години за кои денеска на брифинг информираа од МВР, најмногу пари се потрошени во 2011 година – 517.833 евра, а најмалку во 2016 година – 84.373 евра.

БЈБ и УБК трошеле најмногу пари, за сите години од нивните фактури се собираат нешто повеќе од милион евра. Сепак, најмногу пари потрошиле од УБК – 563.710 евра.

Од сметките може да се види и дека како и другите функционери од владата на ВМРО-ДПМНЕ,  поранешните директори на БЈБ и УБК и ексминистерката за внатрешни работи сакале да се гоштеваат со морска храна и специјалитети од риба, коњско месо, бизон, елен, равиоли со фазан и други специјалитети од диво и коњско месо. За шише вино плаќале и по 4.500 денари.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s