Владата на Груевски за набавка на 2 LED телевизори потрошила 1.000.000 евра

Службата за општи и заеднички работи изминатите две години во име на тогашната Влада набавила два телевизора или т.н ЛЕД екрани за надворешна употреба за износ од близу еден милион евра, информира денеска директорот на СОЗР Пеце Мирчески.

– Од постојната документација увидено е дека првиот од двата нерационални договори е направен во 2015 година и се однесува на набавка на ЛЕД екран за надворешна употреба на објект во изградба на Факултетот за драмски уметности. За оваа набавка на поранешната Влада, граѓаните на Република Македонија платиле 340.000 евра, истакна Мирчески.

Вториот договор е склучен во 2016 година за набавка на ЛЕД екран за надворешна употреба на Палатата АСНОМ во висина од 650.000 евра.

– Која била потребата од средства на граѓаните да се потрошат близу еден милион евра за ЛЕД екрани. Дали тие средства не можеле да се наменат за решавање на други проблеми. Симптоматично во овие два ненаменски направени набавки е фактот дека двата договори се направени со иста компанија и во двата случаи фактурите се платени само еден ден по добивање, рече Мирчески.

На новинарско прашање дали ќе се бара одговорност, Мирчески посочи дека ќе се постапува согласно законот и ќе се покренат дисциплински постапки против вработените кои биле дел од извршување на задачите.

– Во државата има Јавно обвинителство кое треба да покрене постапка по допрен глас. Ние ќе доставиме и материјал до Ј.О. да постапува во рамки на законската регулатива во Република Македонија, изјави Мирчески.

Повеќе детали во видеото

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s