Досие „Илија Димовски“: Енормно богатење преку ноќ, скриен имот, луксузни хациенди, непријавени приходи

Илија Димовски е пратеник и член на Извршниот Комитет на ДПМНЕ. Во политиката по-активно се вклучува од 2006та година по победата на ДПМНЕ на парламентарните избори. Од тогаш до денес, имотот и средствата со кој Илија се здобива, енормно растат. Но, одиме по ред.

Засега е тајна каква е актуелната имотна состојба на Илија Димовски после 2008. година. Но, во сеуште актуелно достапната имотна состојба има неколку ставки кои се класичен доказ дека пратеникот Илија Димовски силно загазил во криминално збогатување преку ноќ:

1. На пратеничка функција во јули 2006. стапува како невработено лице кое нема имот на свое име, туку учествува во поделба на семејниот имот заедно со неговите родители, стекнат од порано.

2. Криминално се спорни наведените ставки од неговиот ЛИЧЕН ИМОТ, наброени како Хартии од вредност во вкупен износ од 183.000 денари, стекнати во 2007. година. Ако бил невработен до средината на 2006. и станал пратеник па почнал да си го средува животот, од каде му одеднаш екстра пари во 2007. година и акции да купува?

илија1.png

3. Но, дури и да се снашол за пари за акции во вредност од 183.000 денари, сосема криминално и лесно за докажување дека нешто силно не е во ред се ставките БАНКАРСКИ ДЕПОЗИТИ, каде пријавил дека на денарска штедна книшка на неговите родители во НЛБ Тутунска банка има дури 2.750.000 денари (45.000 ЕУР). Од каде толку пари на денарска штедна книшка на родителите, инаку СТЕЧАЈНИ РАБОТНИЦИ, ќе треба да утврди некоја идна извршна власт. Досегашната во која и тој учествуваше  потполно го поддржува во ова што го има „сработено„ и за само две години го има распоредено по штедни книшки на потесното семејство.

4. Втора слична ставка е неговата лична денарска штедна книшка на која пак има „само„ 2.600.000 денари (42.500 ЕУР) заштеда. Што е исто така индикативно и речиси невозможно да се „сработи„ за само две години од пратеничка плата. Како од пратеничка плата се одвојуваат толку пари и се депонираат на штедна книшка за само две години е прашање и за експерти од економија и банкарско работење.

5. Најиндикативна сепак е ставката денарска штедна книшка со заштедени 800.000 денари (13.000 ЕУР), средства кои ги пријавува како имот на неговата сестра. Во Велес малкумина знаат дека Илија Димовски воопшто има сестра. Причините се речиси непознаница за јавноста, а само малкумина од блиското опкружување на Димовски знаат дека неговата сестра има здравствени проблеми и се наоѓа на лекување подолго време надвор од Велес, ама и дека поради природата на дијагнозата воопшто не е способна да управува со своите финансии. Па логично се наметнува заклучок дека Илија Димовски ја злоупотребува здравствената положба на неговата сестра и ја користи како покритие за криење на противправно стекнатиот имот како пратеник.

Самиот факт дека пратеникот Илија Димовски за само првите две години од првиот пратенички мандат, во домашниот буџет внел што на свое, што на име на потесното семејство дури 100.500 еура во денарска вредност, е показател дека тогаш владејачката партија предводена од Никола Груевски, не само што не ги спречува своите пратеници да се однесуваат во рамките на законот, туку дека згора ги мотивира веќе од првиот ден кога седнуваат во пратеничките клупи да јуришаат на материјални добра, недостапни за обичниот граѓанин кој едвај составува крај со крај…

Се поставува прашањето од каде му е толку имот на Димовски, ако се знае дека до јули 2006. сте невработен? И од каде им се на неговите родители толку големи износи на штедна книшка, ако се знае дека и двајцата се стечајни работници?

Ова подолу е имотниот лист што Илија го поднесува на 21 април 2015 година. Во тој имотен лист Димовски не дал информација колку средства има на денарските штедни книшки во НЛБ Тутунска Банка. Што крие Илија?

10014567_456790161155848_3772634942980789243_n.png

На долната слика е најновиот имотен лист на Илија Димовски како пратеник на сега опозициската ДПМНЕ. Илија пријавил нови акции како хартија од вредност во износ од 192.000 денари и 55.000 денари, стечајно побарување од родители во висина од 960.000 денари, додека пак за приходите од камата и земјоделска дејност не дал податок. Зошто стечајното побарување Илија не го пријавил во имотниот лист во 2015г.?

Во новиот имотен лист се забележува и зголемување на личен имот т.е ставка земјиште. Па така Илија Димовски во 2015г. купил земјиште од 624 м2  и 659м2 во Башино Село. Зошто ова не го пријавил во својот имотен лист во 2015г. По кој основ го стекнал ова земјиште?

dksk2.PNG

Една од спорните работи во имотната состојба е хациендата која Илија Димовски ја гради на велешкото езеро „Младост“. Се поставува прашањето како Илија Димовски со пратеничка плата успеал да купи земјиште близу езерото и почнал да гради хациенда која има вредност од над 100.000 евра(вклучувајќи ја и цената на земјиштето)? Дали Илија Димовски има непријавени приходи и зошто ги крие?

На сликата доле е хациендата која Илија ја гради близу езеро „Младост“.

18194850_797451090423085_441188818012434718_n.jpg

18222613_797451113756416_3899369707142292963_n.jpg

Продолжува….

НАПОМЕНА – ЗАБРАНЕТО ПРЕВЗИМАЊЕ НА ТЕКСТ И СЛИКИ БЕЗ НАВЕДУВАЊЕ ИЗВОР НА ИНФОРМАЦИЈА.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s