Владата на Груевски во 2011г. од општина Сарај барала локација за изградба на бегалски камп

Поранешниот министер од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Спиро Ристовски на 05.07.2012 се обратил до општина Сарај со барање за согласност за користење градежна парцела за изградба на станови за сместување бегалци и социјално загрозени лица, овозможено со средства од ИПА Фондот.

Во прилог на ова соопштение за јавност ви го доставуваме барањето потпишано од Спиро Ристевски.

спиро1

спиро3

Имено, според извадокот од записникот од 224-тата седница на Владата на Република Македонија, одржана на 29.03.2011 година, владата предводена од ВМРО ДПМНЕ ја разгледала Информацијата за имплеметација на стратегијата за интеграција на бегалци и странци и усвоила заклучок според кој се задолжува Министерството за транспорт и врски да предложи локации на државно земјиште кое може да се искористи за изградба на станбени единици. На седницата одржана на 25.05.2011 година, била разгледана информација за конкретни предлог локации за изградба на станови.

Во таа насока, сметаме дека неодговорното ширење страв и лаги во јавноста е само одраз на дволична политика на ВМРО ДПМНЕ, а обвинувањата до сегашното раководство на МТСП се крајно неосновани.

Наспроти тврдењата дека граѓаните не се консултирани за ,,Предлог Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година’’, потенцираме дека Министерството, за разлика од претходната Стратегија усвоена од Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ, овојпат јавно го објави на сајтот на МТСП предлог текстот и нацртот на акциониот план за Стратегијата. Беше објавен и формулар за предлози и сугестии за текстот на документот, со рок на доставување до 8 август 2017 година. До вчера пристигнаа мислења од неколку организации и тие ќе бидат разгледувани на јавна работилница која ќе се одржи во текот на идната недела, а на која ќе бидат поканети сите заинтересирани страни. Повторуваме дека стратегијата е се уште во форма на предлог текст.

Во оваа насока, беше побарано мислење и од повеќе релевантни институции и организации, меѓу кои и од ЗЕЛС, од каде е препратен дописот до општините. Децидно изјавуваме дека од ниту една општина не е побарана предлог локација за изградба на станови. Но такво нешто побарала претходната власт, предводена од ВМРО ДПМНЕ.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s