Реформите на Груевски: Општата Болница во Велес тоне во долгови, екс директорот од ДПМНЕ се крие од јавноста

Опомена пред исклучување поради неплатени сметки за вода во вкупен износ од 10 милиони и 500 илјади денари стигнала на 7 август, во ЈЗО Општа Болница Велес токму на денот кога во фотељата седна новиот директор. Јавното комунално претпријатие „Дервен“ ја опоменува болницата да си го плати заостанатиот долг од изминатите 2,5 години. Директорот д-р Димитар Стровјановски смета дека опомената е тенденциозна затоа што стигнала штом тој го превзел раководењето со Болницата.

opomena-fin.jpg

– Вчера, рано утрото, ги добив честитките од локалната власт и уште некои други коминтенти на болницата како ЈКП Дервен кој токму вчера ми испорача опомена пред исклучување за неплатени сметки за вода од месец декември 2014 година до месец јуни 2017 година. Јас се прашувам како работеле овие двајца директори и гледам несовесно работење бидејќи станува збор за долг од вкупно 2,5 години кој се трупал за да дојде до сума од 170 илјади евра за која не знам колку е реална. Неплатените сметките сигурно се однесуваат на количина на потрошена вода и изнесување на смет што се пресметува по квадратурата на дворната површина што кога болницата е во прашање не е мала. Тоа ќе го проверам кога од одмор ќе се врати економистот. Но, иритира за она што досега тековно не се плаќало сега да се бара одеднаш, рече д-р Стровјаноски.

strovjanov1-fin.jpg

Тој додаде дека болницата законски не смее да остане без вода, не само поради пациентите туку и поради тековните работи во установата, исто како и со не собрани смет и медицински отпад. Сепак за опомената и вкупно неплатениот долг од 170 илјади евра го информирал министерството за здравство од каде очекува поддршка за решавање на проблемот. Д-р Стровјаноски вели дека ќе разговара и со директорот на ЈКП „Дервен“.

–  И од оваа сума боли глава. Како работеле двајцата директори? Јас гледам едно не совесно работење. Овој долг е две ипол години стар, се натрупувал. Секако, по консултација со министерството, кое веќе го затвори како ист, случајот со Клиничкиот центар во Скопје, и напатствијата што ќе ги добијам исто така ќе разговарам и со директорот на комуналното претпријатие , рече д-р Стровјаноски.

Derven-fin.jpg

Во писмениот одговор на новинарски прашања од ЈКП „Дервен“ каде директор е кадар на ДПМНЕ, соопштија дека станува збор за законска постапка со која за долг се известуваат сите корисници кои нередовно ги плаќаат сметките:

„Во врска со неплатениот долг на ЈЗО Општа болница – Велес, имајќи во предвид дека се работи за здравствена институција, претпријатието ќе се обиде преку сите расположиви мерки да го наплати долгот а да не дојде до исклучување на водоснабдувањето, но претпријатието нема законско право да не бара наплата на долгот.“

Од „Дервен“ не одговорија дали и досега ја опоменувале Болницата дека треба да си го плати долгот, додека сумата била помала.

Освен опомената за две ипол годишниот долг за вода на бирото на новиот директор на велешка болница денеска стоеја и неплатени фактури од фирмата што испорачува храна за болничките пациенти со вкупна сума од 10 илјади евра.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s