Раскол во ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид – советникот Паноски од незадоволство ја напушти партијата

Вчеравечер окулу 21 часот во просториите на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, настанала кавга и поголем инцидент на кој бил сведок и генералниот секретар на партијата, Кристијан Мицковски.

Според информации од МВР, дошло до физичка пресметка помеѓу членови на ДПМНЕ заради несогласување окулу изборот за кандидат за Градоначалник на Охрид од редовите на партијата.

Еден час после случајот, кој завршил со „хепиенд” еден од поистакнатите членови на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Паноски – Пана, случајно или не, излезе со статус на својот Фејсбук профил, од кој може да се прочита дека тој ја напушта ВМРО-ДПМНЕ.

Пана е актуелен советник на партијата во градскиот Совет на Охрид, поранешен државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, според наши информациии кандидат за нов градоначалник, за што поднел и соодветна програма.

panavest.PNG

„Не ја оценувам потребата, моментот и интенцијата на некои натписи во кои има и невистини. Многу битна вест. Но, нивно право. Точно е само дека секогаш сакав да помагам на Охрид, Македонија и партијата. Да,тоа не беше ценето ама ОК. И затоа навистина не гледам повеќе на кое ниво во активната политика би бил. Останувам поддржувач на вистинските вредности. Се надевам дека низ политичката борба придонесов нешто во борбата за Охрид, посебно за зачувување на неговите вредности. Стручната борба допрва станува посилна за Охрид …“, напиша тој.

Во изјава за порталот „Плусинфо“, советникот Пана изјавил:

– Едноставно нема поддршка за што било и тука завршува приказната! Нема никаква врска јас таму не сум влегол 3 години! Ова е само нормален след на непостоење на никаква поддршка, така што – зошто, воопшто, би бил внатре и активен? Тоа е тоа!

Ова е еден од поголемите инциденти кои се случува во општинскиот комитет на ДПМНЕ во Охрид во пресрет на закажаните локални избори на 15ти октомври 2017г. Незадоволството од работата на досегашниот Градоначалник на Охрид, Никола Бакрачевски е оромно не само кај Охриѓани туку и кај неговите сопартијци. Огоромен дел од членството е против негова повторна кандидатура заради неговите неисполнети ветувања дадени пред локалните избори 2013 година. Според анкетите, Охрид е еден од поголемите градови во Македонија во кои ВМРО ДПМНЕ ќе ја загуби локалната власт.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s