Братот на Никола Попоски го контролира бизнисот со пелети во Македонија

По воведувањето на повластена стапка на ДДВ за пелети и котли на пелети, на сериозен удар се најдоа фирмите увозници! Со објава во службен весник на 14.10.2016 во очи распуштањето на парламентот (17.10.2016), без никаква претходна најава до фирмите, консалтинг агенициите и сметководствените бироа кои беа затекнати и неспремни, почна да важи одредбата за повластена стапка на ДДВ од 18% на 5% за пелети, печки на пелети и котли на пелети.

Од овој датум фирмите кои продаваат пелети, печки на пелети и котли на пелети се обврзани да издаваат фискални сметки и фактурираат со 5% ДДВ. Ова несомнено влијае на намалување на малопродажните цени, ова и не би било проблем, доколку во моментов не се случува парадоксална ситуација во која на удар се најдоа фирмите увозници на овој тип производи. Имено, фирмите во овој момент, пелетите, печките на пелети и котлите на пелети ги увезуваат со 18% ДДВ, а при тоа истото не смеат да го вкалкулираат во цената, бидејќи се обврзани да продаваат со 5%.

Со ова фирмите плаќаат многу повеќе ДДВ на државата при увоз од тоа што можат да го наплатат при продажба кон крајниот купувач и со тоа влегуваат во финансиски лавиринт кој според фирмите значително ќе влијае на нивната ликвидност и можноста за редовно подмирување на тековните обврски како редовна исплата на плати, исплата спрема добавувачи, даноци итн.Фирмите апелираат итно и во најбрз можен рок да биде променет тарифникот на македонската царина според кој се врши увозот на овој тип на производи и да се усогласи согласно законот за ДДВ кој е објавен во Службен весник на 14. октомври.2016-та година, така што не би се довела во опасност ликвидноста на многу фирми од тој сектор.

Со оглед на тоа што државата е влезена во предизборен период, фирмите стравуваат дека ваквата моментална ситуацијаможе да потрае, а според нив тоа не смее да се дозволи и бараат итна реакција од државата.

20161022092713

Братот на Никола Поповски , Михаил Попоски без никакви приходи, со претходно вработување и работно искуство од само 4 месеци станува доминантен сопственик на фирма регистрирана во Струга со назив Аделеа пелети.

Оваа фирма не е увозник на пелети туку производител, а од кога Михаил станува сопственост истата ги добива сите сертификати за квалитет и избива на пазарот.

За само после неколку месеци да се промовира од страна на владата , субвенционирање на печки за пелети.

Не беше тоа доволно па сега почнаа да удираат по другите со цел на нив да им ја попречат работата за овој со сила да успее!

Овде се работи за десетици милиони евра, толку е пазарот за пелети за цела држава!

adeleaPeleti.png

Инаку фамилијата на министерот за надворешни работи, Никола Поповски, е многу интересна фамилија.

Неговиот татко Живко Поповски е директор на Мак Нав, додека мајка му е заменик директорка на клинички центар.

C2D12C5A4E270E419C3B570735FDEEBE.jpg

Министерот Поповски успеа да ургира, мајка му да добие државна награда?!

8AF9BF49AAA9604B923A7A93F56A67D6.jpg

Ова семејството, по потекло од Охрид во оваа власт е “широко” распоредено на одговорни функции во владата на Груевски. Синот е министер за надворешни работи, актуелниот Никола Поповски. Мајка му др. Анастасика Поповска е директоркa на Скопска клиника и е претседател на владината комисија за одобрување на лекување во странство. Таткото, Живко Поповски е директор на јавното претпријатие МАК НАВ, односно е шеф на цивилната авио навигацијата, со плата која деновиве се позиционира дури на 2.000 евра месечно..

Семејството стана интересно откако за времето на директорувањето патер фамилијасот Поповски сторил нешто на што се жали дури и министерката Јанкуловска, бидејќи, истиот го избркал од работа претседателот на Синдикатот Милорад Милановиќ. Таа дури и го примила, тој се пожалил и ветил соработка. Приемот се должел на фактот дека синдикалецот бил татко на познат ватерполист (што е посебна тема за весниците), кои очевидно имаат голема привилегија, иако како спорт е сега на “нула”!

Експретседател на Синдикатот на воздухопловната техника во Македонска навигација – Милорад Милановиќ по разговорите објавени во “бомба 20” за телевизија НОВА вели дека е избркан од работа поради антагонизам и омраза.

– Двапати ме избркаа од работа, бидејќи, има антагонизам и омраза кон мене. Јас ја вршев работата професионално и се грижев за интегритетот на воздухопловството, очигледно тоа некому пречело, вели за овој медиум Милановиќ.

За оваа ситуација се води и судски спор. Синдикалецот го тужи претседателот на Управниот одбор Живко Поповски, за постојаните притисоци, но се надева на правна разрешница во негова корист.

– Иако не сум Македонец, јас сум 23 години во Македонија, ја сакам земјата и го почитувам правото во оваа земја, а ако некој смета дека е над правото во една држава, нека му ја мисли, прокоментира Милановиќ.

Матер фамилијасот – Анастасика Поповска беше актуелна во случајот со малата Тамара од Велес на која два пати и било отфрлено барањето за лекување во странство. Д-р Поповска при второто барање Фондот да плати за лекување во странство на Тамара. била отсутна и гласала против по телефон, а како претседател на Комисијата ја заменувала нејзината колешка, д-р Аспасија Софијанова.

На Тамара, на крај, под притисок на јавноста сепак и беа одобрени средства, но девојчето за жал почина на денот кога требаше да замине на лекување. Помошта стаса предоцна. Некако во времето на споменатото и скандалозно гласање, малата велешанка професорката го доби парична награда преку пизнанието “23 Октомври. Признанието и се додели во областа на науката и образованието како на специјалист-ортопед. Таа се споменуваше и како кандидат за претседателското место на Лекарската комора.

Но изборот на синот Попоски на сегашната функција беше големо изненадување во 2011 година, особено по обидот да има најпрвин дипломатска кариера во Белгија каде требаше да остане како амбасадорот на Македонија во Европската Унија,

Посебно изненадување беше заради фактот дека наследник на Антонио Милошески се јави како последно име Иако немаше сериозно политичко, но и дипломатско искуство, сепак, тогаш 32-годишниот Попоски беше сметан за аутсајдер. Да се потсетиме, како можни решенија се вртеа неколку имиња. Беа спомнувани преговарачот за името и амбасадор во САД – Зоран Јолевски, вицепремиерот за евроинтеграции, Васко Наумовски, советникот на премиерот Груевски, Андреј Лепавцов, кој беше искрено најсериозниот кандидат, кому соседите и пријателите веќе му честитаа на изборот (!).

Дали, после некои најнови кадровски решенија во земјава, во Телекомот, каде имаме и траги на споменатите “ватерполисти” успевамне да наѕирнеме нешто за тоа кој ги турка Поповци во нивните кариери?

Leave a comment