Пресуда на Врховен суд: Нема криминал во изградбата на „Глобал“ во Струмица, Заев чист пред законот

Судовите ја потврдиле законитоста на постапката во случајот „Глобал“

По две години и осум месеци, Управниот и Врховниот суд донеле пресуди со кои се потврдува законитоста на постапката за изградба на трговскиот центар „Глобал“ во Струмица. „Со овие две судски пресуди се докажа дека изградбата на ’Глобал’ е чиста како солза“, соопшти Зоран Заев – претседател на СДСМ и градоначалник на Струмица. Тој објасни дека постапката пред судовите ја водел инвеститорот „Делукс инженеринг“, кој и’ бил партнер на Општина Струмица во првото јавно партнерство во Македонија. Така се избегнало во предметот да фигурираат Заев и Општина Струмица за да се исклучи можноста за повторна политизација на овој случај.

Основниот суд во Струмица и Апелациониот суд во Штип исто така потврдиле дека нема ниту еден криминален потег во случајот „Глобал“.

Leave a comment