Пратеник и членови на ДПМНЕ во Охрид со закани дека ќе ја тепаат полицијата заради истрагата на СЈО

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ од Охрид, Сашо Велковски во придружба со неколку членови на Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, преку медиумите упатија закана дека ќе се пресметаат со полицијата ако дојде да ги приведе заради истрагата која ја покрена Специјалното Јавно Обвинителство а поврзана со незаконското донирање на огромна сума на пари во ДПМНЕ за време на предизборната кампања. Членовите на ДПМНЕ повикаа и на граѓанска непослушност заради тоа што СЈО го истражува криминалот на ДПМНЕ и Никола Груевски.

Истражителите од СЈО беа многу дрски со нас, со многу повишен тон. Ние сега ќе си одиме дома, а они нека пробаат да ни дојдат дома да не приведат па ќе видат што ќе ги снајде!

Ова пред медиумите го изјави пратеникот на ДПМНЕ од Охрид, Сашо Велковски по што доби аплауз за поддршка од своите сопартијци.

Се поставува прашањето зошто ако се чесни, пратениците на ДПМНЕ и членовите на ДПМНЕ се закануваат со тепање на припадниците на полицијата? Зошто истите тие пратеници и членови кои се чукаа во гради дека ја бранат полицијата, денес кога истата таа полиција дојде во нивните домови да го открие нивниот криминал, сега се закануваат со крвопролевање, тепачки?

Leave a comment