Досие „Митко Чавков“-послушник на Мијалков, извршител на Груевски

Изборот на Митко Чавков за прв човек на Бирото за Јавна Безбедност одекна посилно во Министерството за внатрешни работи, поради неизвесноста какви нови кадровски промени ќе повлече ова решение, отколку во пошироката јавност. Но, новиот шеф на јавната безбедност набргу ги привлече и погледите кон себе по објавувањето на имотот на неговото семејство, кој се зголемувал за време на владеењето на ДПМНЕ, кога впрочем тој прави најголем напредок во кариерата.

Имено, во неговата официјална биографија стои дека полициската кариера ја почнал веднаш по дипломирањето на Факултетот за безбедност во Скопје во 1986 година. Чавков вршел незначајни должности во СВР – Струмица и во СВР – Гевгелија, ама најголем исчекор прави по последната промена на власта во 2006 година.

Таа година од главен инспектор станува прв човек на Одделот за организиран криминал, денес преименуван во Центар за сузбивање на организиран и сериозен криминал, каде што останува сѐ до 2012 година. Оттогаш до 2013 година е прв човек на Централните полициски сили, по што е избран за шеф на јавната безбедност.

Треба да се има предвид дека оваа функција е највисоката инстанца во униформираната полиција и воопшто една од трите највисоки функции во МВР, покрај министерската и директорската фотелја во Управата за безбедност и контраразузнавање. Во поткрепа на тоа одат битните надлежности што Бирото ги има за одржување на јавниот ред и мир.

 

БРАТОТ НА ЧАВКОВ, ПРИЈАВЕН ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА

Настрана тоа, она што го поврзува Чавков со најголемата владејачка партија е извештајот на ДПМНЕ за донации за локалните избори во 2013 година, доставен до неколку државни институции. Во него, Чавков е наведен како донатор, кој донирал 30.000 денари во предизборната кампања на партијата.

Неговиот брат, Кирил Чавков, пак, е член на Советот на ветерани на ДПМНЕ при Општинскиот комитет во Струмица. Кирил Чавков на јавноста и е познат откако во 2003 година полицијата поднела кривична пријава против него за злоупотреба на службената положба и нанесена штета на државната каса како екс градоначалник на општина Ново Село. Тоа се однесувало за 2001 година, кога тој објавил тендер за веќе купен и дониран камион.

Првопријавениот (Чавков Кирил), како градоначалник на општина Ново Село, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување во текот на 2001 година посредувал при набавка на ТМВ-камион за собирање на смет за потребите на ЈП Комуна – Ново Село, при што иако возилото во РМ било внесено како донација за општина Ново Село, со што се одбегнати давачките при увозот на истото, истиот склучил цесија помеѓу Општина – Ново Село, ЈП Комуна – Ново Село и ДООЕЛ Сицилија со кое возилото било платено на ДООЕЛ Сицилија во износ од 993.655,00 денари со кој износ го оштетил буџетот на РМ.

Досието на Чавков Кирил за ова и за други кривични дела за кои судот во Струмица под влијание на Марина Абрашева и неговиот најдобар другар Емил Глигоров (кој додека беше истражен судија во исто време беше и редовен гостин во кабинетот на Чавков во МВР 2006-2008 година) во Јавна безбедоност се води под следните броеви:
1.дос. бр. 15045/03
2.дос.бр. 15405/06
3.дос.бр. 15405/06

Државниот завод за ревизија во овој извештај констатирал три спорни состојби. Прво, несоодветно евидентирање на надоместокот за уредување градежно земјиште и отсуство на склучени договори и на издадени фактури. Второ, неевидентирани ненаплатени побарувања по основа на данок на имот. И трето, нерегуларност при побарувањата и обврските преку цесии.

КРАТЕЊЕ НА ИМОТНИОТ ЛИСТ

Извесен период подоцна, како тукушто именуван јавен функционер, Митко Чавков имаше обврска да поднесе анкетен лист до Антикорупциската комисија, кој откри листа на личен и семеен имот, стекнат во последните неколку години. Сепак, една година по неговото именување на оваа функција во средината на 2013 година, тој пријавил промени во имотната состојба, па сега во имотното досие има помалку недвижности, но и долгови и побарувања.

Конкретно, Чавков и неговата сопруга поседуваат стан со гаража од 2009 година во вредност од 4.368.000 денари. Освен тоа, директорот на БЈБ од 2001 година, врз основа на купопродажен договор, поседува плац во Кочани од 300 квадратни метри вреден 30.000 денари. А, во 2008 и во 2010 година добил земјоделско земјиште во родното Ново Село, преку договор за подарок.

Дополнително, тој пријавил и четири парцели земјоделско земјиште во Василево, сопственост на неговите деца. Станува збор за имот стекнат во 2012 година од над 75.000 квадратни метри, во вредност од преку 7 милиони денари.
Што се однесува до имотот, пред да бидат внесени промените во средината на 2014 година, стоеше оти неговите деца од 2013 година поседуваат градежно земјиште во Струмица од 10.000 квадратни метри, кое чини 700.000 денари.
Како имот на децата, Чавков пријавил половина од земјиште во Куманово од 190.000 квадратни метри, половина од градежно земјиште во Општина Петровец, од над 35.000 квадратни метри, како и вештачка акумулација и машина за сепарација – сите стекнати во 2012 година.

мч.PNG

Во претходниот анкетен лист беа наведени и повеќе долгови отколку сега, односно долговите на неговите деца по основ на земени заеми изнесувале 12.000.000 денари, чиј рок на враќање беше 2015/2016. Сега, во 2014 година, пак, фигурираат само два кредита во вкупна вредност од 105.000 денари, што е голема разлика.

Прво беа пријавени и побарувања од дадени заеми од преку милион денари, кои ги нема во тековниот анкетен лист.

 

СИНОТ НА ЧАВКОВ, КОНЦЕСИОНЕР НА ДРЖАВНИ ЗЕМЈИШТЕ

Кога веќе се говори за законската регулатива, таа им забранува на избраните и именуваните функционери и на службените лица да вршат друга функција, неспоива должност или дејност поврзана со остварување профит. За да не се случи судир на јавниот со приватниот интерес, меѓу другото, функционерите не можат да бидат управители на приватни фирми, туку единствено сопственици.

Чавков не е во приватниот бизнис, но таму е едно од неговите две деца. Неговиот 24-годишен син Иван Чавков, во бизнисот со градежништвото, дејствува преку две фирми.

Една од компаниите е „ПОРТЛАНД-ОПЦ“, чиј единствен сопственик, според потврда од Централен регистар, е Иван Чавков. Тој е и управител на ова друштво со основна дејност „трговија на големо со дрва, градежен материјал и санитарна опрема“, формирано во 2010 година.

опц.PNG

Оваа компанија има седиште во Струмица, на домашната адреса на Иван Чавков. Според Катастарот на недвижности, пак, станува збор за стан во сопственост на Митко Чавков и неговата сопруга, со иста квадратура како станот на директорот на БЈБ и неговата сопруга наведен во неговиот анкетен лист.

Две години по основањето на оваа компанија, односно во 2012 година, кога Митко Чавков од шеф на Одделот за организиран криминал станува прв човек на Централните полициски сили, каде што се задржува една година и е именуван за директор во Бирото за јавна безбедност, е основана компанијата „ИН-МАК БЕТОН“.

Иван Чавков е основач на оваа компанија за производство на готова бетонска смеса, заедно со извесен Неџати Бакиу од Гостивар, во партнерски сооднос. Чавков е управител на ова друштво, кое од пред неколку месеци има и подружница за сепарација на песок во Струмица, поточно во индустриската зона Сачево.

Податоците од тековната состојба покажуваат дека и таа моментално има седиште во Струмица, и тоа на третиот кат во веќе споменатиот трговски центар „Глобал“. Во тој контекст, официјалната документација потврдува дека до скоро фирмата имала седиште во Скопје, кое тогаш било на домашната адреса на Иван Чавков. Но, тој скоро ја променил и адресата на живеење од Скопје во Струмица, а истовремено и „ИН-МАК БЕТОН“ таму го преместила своето седиште.
Така, живеалиштето на Иван Чавков и седиштето на „ИН-МАК БЕТОН“ во центарот на Скопје, како што открива Катастарот, е во сопственост на Република Македонија.

Како и да е, двете споменати градежни фирми не склучиле договор со државна институција за одредена јавна набавка, ниту, пак, за закуп на државно земјоделско земјиште. Арно ама, тие од неодамна се концесионери на државата.

Од Министерството за економија информираа дека во 2013 година склучиле договори со „ПОРТЛАНД-ОПЦ“ за детални геолошки истражувања на песок и чакал на два локалитети: „Гечерлиски рид 1“ – Босилово и „Врпчовки“, село Добришанци – Василево. Според јавниот повик за доделување концесија од втората половина на 2013 година, периодот за геолошки истражувања е две години, по што би можело да следува фаза на експлоатација.

Министерството посочува дека во 2013 година склучило договор со „ИН-МАК БЕТОН“ за експлоатација на варовник на локалитетот „Бел Камен“ – Куманово, за период од 30 години, откако претходно завршиле истражните работи врз основа на договор за геолошки истражувања од 2012 година.

Упатените објаснуваат дека суровините што ги експлоатираат или тоа ќе го сторат по завршување на геолошките истражувања, како песок, чакал и варовник, се употребуваат како градежен материјал, пред сѐ, за објекти.

ФИРМИТЕ НА СЕМЕЈСТВО ЧАВКОВИ

Од Министерството не одговорија колкав е надоместокот кој двата концесионери ќе го плаќаат на државата за истражување на локалитетите и потоа за експлоатација на минералните суровини.
Во секој случај, некои од сумите ги открива анкетниот лист што Митко Чавков го поднел веднаш по стапувањето на функцијата. На пример, кај земјиштето во Куманово стои сума од 6.000.000 денари. Токму поради тоа што концесионерот „ИН-МАК БЕТОН“ има двајца сопственици, Чавков навел дека неговите деца поседуваат половина од овој имот.

Истото се однесува и на градежното земјиште во Петровец. Општината организирала електронска аукција за продажба на десетици парцели државно градежно земјиште, а една од фирмите што купиле вакво земјиште е „ИН-МАК БЕТОН“. Анкетниот лист пред промените покажува дека станува збор за седум парцели, вредни 5.500.000 денари.

Од Општината се обидовме да дознаеме колку вакви неизградени градежни парцели се продадени, откако Владата ја префрлила надлежноста врз државното земјиште на локалната самоуправа, како и дали се отпочнати инвестициско-градежни дејства? Од таму нѐ упатија кај одговорните за организирање на јавните наддавања, кои, патем, ниту успеавме да ги добиеме, ниту самите не побараа, иако оставивме порака и контакт.

Може да се заклучи дека во истиот период кога потпишале договори за концесија, се зголемил капацитетот на двете компании, соодветно со нивните обврски. На крајот на годините, кај нив е регистрирана и добивка и загуба.

Така, извештајот за финансиската состојба на „ПОРТЛАНД-ОПЦ“ покажува пораст на билансот на успех. Ако во 2012 година профитот изнесувал 38.179 денари, во последната, 2013 година, добивката е 270.386 денари. Ваквите резултати се должат само на работата со приватниот сектор, со оглед на тоа што дури оваа година компанијата потпиша договор со Владата за геолошки истражувања на два локалитети во Струмичко.

Од 2012 до 2013 година, се зголемила вкупната актива на компанијата и кај тековните таканаречени обртни средства (готовина, побарувања, резерви и сл.) и кај нетековните или фиксни средства, кои даваат ефект на подолг рок (машини, опрема, објекти итн.). Истовремено, пораснала и пасивата, или обврските на компанијата, која во 2012 година имала просечно еден, а во 2013 ниту еден вработен.

Компанијата „ИН-МАК БЕТОН“, која има десетина вработени, ја завршила 2013 година со загуба од 922.347 денари, ама во 2012 година остварила добивка од 8.274.359 денари. Овој период (2012-2013) временски коинцидира со договорот за експлоатација на варовник во Куманово и со откупот на градежно земјиште во Петровец.

Како што може да се види од извештајот, од едната до другата година се зголемиле и обртните средства на компанијата, но и нетековните долгорочни средства, кои заземаат поголем дел од структурата на активата. Од тоа произлегува претпоставка за влез на фирмата во инвестициски циклус, дотолку повеќе што пораснале обврските, па дури и се намалила главнината и резервите на претпријатието.

Без оглед на сѐ, барем како минимален заклучок кој може да се изведе од сето ова е дека и покрај тоа што Чавков цел живот е во МВР, факт е дека тој врвот го допре последните неколку години, кога се зголеми имотот на неговото семејство главно поради двете градежни компании на неговиот син, кои истовремено се концесионери на државата.

Партиски вработувања во МВР на фамилија Чавкови

По добивањето на државната функција, Митко Чавков успеал цела своја фамилија да ја вработи во државните институции. Па така сопругата Јасмина Чавкова која претходно работела како дактилограф, а вонредно завршила на ФОН добила раководна функција во Секторот за гранични работи и миграција во МВР. Неговата снаа Данче Чавкова е вработена како раководител на отсекот за крипто заштита. Внукот на Чавков, Илија Николов е заменик началник на СВР – Струмица, а внуката од првиот братучед  Јасмина Зекирска која е полицаец со вонредно тригодишно образование во СВР – Струмица е унапредена за инспектор за економски криминал. Првата братучетка на Јасмина Чавкова, Бистра Глигорова е вработена како началник на Одделението за заеднички работи додека првиот братучед на Јасминка Чавкова, Драганчо Трендафилов е вработен како раководител на Отсекот за крим техника.
Другарот на министерот Чавков, Трајан Николов е заменик началник во СВР – Струмица, а неговиот син е еден од ново-вработените  во СВР – Струмица. Синовите на другарот на Митко Чавков – Драги Стојменов, Марјан и Дејан Стојменови се вработени во СВР – Струмица по огласите распишани од Чавков.

За три години Чавков незаконски земал 30.000 евра!?

Меѓу 2006 и 2009 година на Митко Чавков, на име патни трошоци и остварени прекувремени работни часови, неосновано му биле исплатени близу 30 илјади евра заради што против него во октомври 2013 е поднесена кривична пријава.

Пријавата, според информации од Основното јавно обвинителство, е заради постоење основано сомневање дека Чавков сторил две кривични дела, измама и злоупотреба на службена положба и овластување.

Митко Чавков, се наведува во пријавата, во 2006 година, веднаш по неговото именување за началник на Одделот за организиран криминал, до Министерството за внатрешни работи доставил барање за нерешено станбено прашање во Скопје на кое барање му било позитивно одговорено и му бил исплаќан надомест за сместување во стан на улицата „Ленинова“ во Скопје.

Во ноември истата година Чавков до министерството доставил ново барање (бр.175-62834/1) за да му се одобри исплата на надомест за превоз по основ на остварени патни трошоци заради, како што навел, секојдневно патување на релација Струмица-Скопје и обратно. Со решение (бр.64473/1) на пријавениот експресно му било признато правото за надомест и за таа цел нему, секој месец, освен платата му биле исплаќани дополнителни 19.000 денари.

Чавков, дополнително, меѓу 2006 и 2009 година сам на себе си припишувал остварување на прекувремени часови минати на работното место, останувања до касно во ноќите, работни обврски и во викендите и за празнични денови, и за таа цел земал „дополнителни“ триесетина илјади денари.

Останува нејасно како тогашниот началник на Одделот за организиран криминал, а сега директор на Биро за јавна безбедност, успевал да остане на работа до доцна навечер, а и притоа да стаса на автобус за Струмица, со оглед на фактот дека последниот тргнува од Скопје во 19 часот.

ЧАВКОВ ПОСТАВИЛ КРИМИНАЛЕЦ ДА СЕ БОРИ ПРОТИВ КРИМИНАЛОТ

Како министер во МВР,  Чавков ја одобрил одлуката осомничениот Тони Јакимовски да конкурира за меѓународна позиција и да ја освои и покрај тоа што против него се води истрага за уништување на опрема за прислушување во УБК на МВР.
Тони Јакимовски не бил првиот предлог пратен во Романија за да биде генерален директор на регионалниот центар за борба со прекуграничен криминал и шверц на дрога.

toni_jakimovski-670x482.jpg

Второосомничениот во случајот на СЈО Тврдина Јакимовски конкурирал на внатрешниот конкурс на МВР, но поради отворената истрага тој бил суспендиран од работното место во УБК, а министерот Оливер Спасовски и комисија во министерството избрале друг кандидат за раководната позиција во СЕЛЕК-центар за регионална соработка на полицииите и царините од 12 балкански држави.

Изборот на почетокот на мај каде покрај македонскиот кандидат имало уште кандидати од Албанија, Унгарија и Србија не бил извршен и во СЕЛЕК го презакажале изборот за крај на јуни. (Во вториот круг влегле кандидатите на Унгарија и Албанија, но изборот не бил направен)

Во меѓувреме Спасовски е сменет од функцијата, на местото министер за внатрешни работи се враќа Митко Чавков, а Јакимовски добива аболиција од Иванов која подоцна е укината.

Тогаш МВР ја менува одлуката и наместо стариот кандидат, со потпис на министерот Чавков, Тони Јакимовски станува кандидат кој е избран наредните 4 години да биде генерален директор на СЕЛЕК.

Од оваа организација со седиште во Романија досега не одговорија на прашањата на Телма дали биле информирани за тековната истрага за дела злоупотреба и фалсификување на документи која СЈО ја води против новоизбраниот директор.

Нема одговори ниту од МВР зошто е одлучено осомничен за уништување на опремата на УБК да ја претставува Македонија како борец против криминал.

Дека Јакимовски планира да патува често од земјата во канцеларијата која се наоѓа во романскиот Парламент знаел и скопскиот кривичен суд. Но судија за претходна постапка и судскиот совет сметале дека нема потреба да му се одземе пасошот за да се обебзеди присуство на осомничениот во државата за време на истрагата. Со тоа судот проценил дека отсуството на јакимовски нема да влијае на постапката покрената од СЈО.

Тони Јакимовски е еден од луѓето на Сашо Мијалков кои во УБК се префрлија во 2006-та, а потекнуваат од армијата и од воената безбедносна служба. Девет години бил десна рака на Мијалков како шеф на одделот за координација на УБК.

НАПОМЕНА:Забрането превзимање на текст, без наведување извор на информации.

 

Leave a comment